Рецепт и видео прилог на Јелена Петровиќ од Бабината кујна.

Оваа мешавина содржи витамини Ц и Б и претставува силен природен антиоксидант. Се користи за подобар имунитет, како антивирусно средство кое може да уништи и бактерии, габички..

Помага и кај болести на зглобови, ја смирува кашлицата и напади на астма како и последици од срцев удар.

Потребни состојки:

850 г мед
8 лажици куркума во прав

Постапка:

Во медот ставете 8 лажици куркума и добро промешајте со дрвена лажица за да се соединат и поврзат состојките.

Бидејќи ова е голема количина, за полесно да го измешате, поделете го медот во две тегли, па потоа во секоја половина додадете по 4 лажици куркума и промешајте.

Употреба: Една лажица од златната мешавина промешајте во 200 мл млака вода и испијте. Не мора да ја растворате мешавината, може и директно да ја растопувате во уста.

Совет: За да се засили дејството на куркумата, може да додадете малку црн пипер и маслиново или кокосово масло.

За сите кои не смеат да консумираат мед, куркумата може да ја мешаат со јогурт, млеко или едноставно со топла вода. Одличен напиток за подобрување на подвижноста на зглобовите и намалување на сите воспалителни процеси во организмот. За повеќе информации погледнете во видео прилогот: