КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛАЖЕН МЕД? Само погледнете го врвот на теглата и сѐ ќе ви биде ЈАСНО, објасни познатиот пчелар…
Знаеме колку е здрав медот. И знаеме дека има различни видови кои имаат различни здравствени предности, но најчесто не знаеме како да препознаеме вистински, природен мед, бидејќи денешните лажни медови ги прават речиси идентични со вистинските, по вкус, мирис и конзистенција..
Акредитираниот пчелар и апитерапевт Жарко Степановиќ откри сѐ за медот во неговото гостување во утринската програма на ТВ Прва.
Медот одамна е познат по своите лековити својства, а Степановиќ детално објаснил кои болести можат да се излечат со консумирање на одреден вид мед.
„Лечи хронични респираторни заболувања, дигестивни болести, сите можни болести, медот е многу добар пред сѐ за кардиоваскуларни заболувања, циркулација, за подобрување на меморијата, за органите за варење.
Добар е и за надворешна употреба, ако се изгорите ставете мед на повреденото место, но задолжително медот натопете го во вода, бидејќи лековитите материи не се ослободуваат ако не се навлажни“, рече тој.
После тоа, тој ја отфрли заблудата за пергот во медот како најздрава состојка.
„Пергата и пчелниот полен имаат сличен состав, пергата повеќе се цени затоа што се обработува во кошницата, во медното саќе и се додаваат многу други работи, па во таа смисла е побогата.
Но, кога ќе се анализираат составите на двата производи, разликата е многу мала. На пример, и пергата и поленот содржат пеницилин, габи, квасци, но ги има малку помалку во пчелниот полен отколку во пергата“, посочи тој.
МЕДОТ НЕ СЕ ЈАДЕ И НЕ Е МАГИЧЕН НАПИТОК: Пчелар обелодени вистини и заблуди за пчелните производи
Не постои најдобар мед, но шумскиот мед би можел да се окарактеризира како најлековит. Откри и кој тип на мед лекува кој здравствен проблем.
„Не постои најдобар мед, секој природен мед е лековит, единствено е разликата во составот и различните намени за употреба.
Медот од багрем е лесен, добар за органите за варење, како седатив, совршен е за слабеење, ова за многумина е непознато.
Лажица мед, секој втор ден, растворен во два-три децилитри вода, вишокот килограми ќе почнат да се намалуваат, неверојатно е како делува. Ливадскиот мед е многу добар, а познат е по лековитите својства за кардиоваскуларни заболувања.
Со коприва е најдобар за простата, а инаку разни додатоци се комбинираат со мед, но самиот мед сам по себе е многу лековит, бидејќи има сѐ што му потребно на организмот.
Шумскиот или црниот мед има 30 пати повеќе минерали од другите видови мед, многу е корисен, може да се каже дека е најлековит“, вели пчеларот Степановиќ.
Меѓутоа, она што претставува голем проблем е како да се разликува вистинскиот, природен мед од лажниот. Иако е многу тешко да се направи разлика, апитерапевтот Жарко Степановиќ вели дека сепак е можно и даде основни насоки.
„Проблемот не е само со фалсификуваниот мед, проблемот е да се утврди дали е фалсификуван. Има еден хемиски метод, тој е најсигурен, да се стави една третина од медот во тегла и две третини од метанол, алкохол, и да се промеша.
Ако на површината од теглата нема никакви примеси, тогаш медот е чист. Но ако се појави било каква сомнителна материја, тогаш е фалсификат. Проблем има и поради тоа што пчелите се лекуваат со неодговарачки лекови.
Постојат пчелини болести кои треба да се лекуваат со соодветни лекови и доза, но за жал, кај нас се употребуваат некои недозволени лекови и на тој начин медот станува токсичен.“
ПЧЕЛАР ОТКРИ КАКО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ МЕДОТ: Може да си направите проблем со желудникот
Тој објасни и како се користи пчелниот отров, еден од многу лековитите и корисни пчелни производи.
„Пчелниот отров се користи со втривање на болното место, ако се работи за долниот дел, се трие на лумбалниот дел од ‘рбетот и на заболените места, ако е горниот дел од телото, тогаш на горниот дел од ‘рбетот и рамената, на бранхијалните нерви“, рече тој.