Јапонците живеат така долго поради овој славен лекар: Пред својата смрт им открил 10 златни правила

Јапонскиот лекар Шигеаки Хинохара ги лекувал своите пациенти уште неколку месеци пред својата смрт и им помогнал во поставувањето на медицинските системи, благодарение на кои Јапонците станаа еден од најдолговечните народи на светот.

Тој починал на 18 јули 2017 година, во својата 105 година. На светот му ја остави својата тајна за долговечност.

Сакате да доживеете сто години и тоа во добра форма, здраво тело и дух? Можно е – тој тоа го докажал преку сопствениот пример!

Хинохара помогнал во поставувањето на медицинските системи, благодарение на кои Јапонците станаа еден од најдолговечните народи на светот. Речиси до самата своја смрт, докторот Хинохара работел во болницата, ги лекувал пациентите и им предавал на студентите на факултет.

10 ЗЛАТНИ ПРАВИЛА

1.Енергијата доаѓа оттаму што се чувствуваме добро, а не од здравата исхрана и многу спиење

“Сите се сеќаваме како кога бевме мали деца и се забавувавме, често заборававме да јадеме и спиеме.

Верувам дека можеме да го задржиме тој став и како возрасни – најдобро е да не се заморува телото со премногу правила, како што се ручекот и спиењето” – објаснува д-р Хинохара.

2.Пазете се од дебелина!

Доктор Хинохара постојано нагласувал дека 100 година ја доживуваат лица кои немаат вишок килограми. Затоа треба да се внимава на својата телесна тежина и физичка кондиција. Не треба да се оптеретува со исхраната, но сепак треба да се води сметка да не се прејадуваме. Тој на пример, за појадок пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло.

Верувал дека ова масло е одлично за крвните садови и кожата. За ручек јадел млеко и кекси, а често го прескокнувал ручекот кога бил многу зафатен. За вечера јадел зеленчук, риба и ориз. Двапати седмично јадел говетско месо.

3.Планирајте однапред!

Хинохара секогаш имал полн распоред за една година однапред, а дури планирал и за подолго во иднината. Па така, како што рекол, многу им се радувал на Олимписките игри во Токио 2020. За жал, не доживеа за да ги види, но неговиот став кон животот и плановите говори колкав оптимист тој бил, што е исто така, многу важна ставка за долговечност.

4.Не мора да одите во пензија ако не сакате

“После 65.година започнав да волонтирам. Предавам и ги посетувам пациентите, дури и по 18 часови на ден и уживам во секоја минута од својата работа” – говорел Хинохара. Доколку човек сè уште сака да работи, нека работи. Доколку не сака, нека оди во пензија и нека се посвети на она што го исполнува и сака да го прави.

5.Споделувајте го знаењето и вештините со другите

Хинохара на годишно ниво одржувал преку 150 предавања. Им предавал на сите – од деца во училиште, до сериозни бизнисмени и лекари. Секогаш стоел додека говорел, а предавањата понекогаш му траеле и по 90 минути. Имал обичај да каже дека стоењето го зајакнува.

6.Не верувајте на сè што ќе ви каже лекарот

Доктор Хинохара сметал дека лекарите не можат да ја излекуваат секоја болест и секој пациент. Им предлагал на луѓето, кога лекарот ќе им препише терапија или некој преглед, тие да го прашаат, дали истиот третман би им го предложил и на своите најблиски?

Доколку одговорот е негативен, зошто тогаш да се изложувате на беспотребен стрес и патење? Верувал дека животните и музиката имаат големо влијание во оздравувањето, многу поголемо отколку што медицината тоа го признава.

7.Секогаш користете ги скалите и сами носете си ги куферите

За да бидете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одете по скали и трудете се сами да си го носите товарот. Хинохара цел свој живот одел по скали и секогаш по една прескокнувал. Скалите и одењето се секојдневна вежба за вашето срце и тело.

8.Секојдневно пронаоѓајте инспирација за духовно растење и исполнување

Читајте, во книжевноста пронајдете автори кои ќе ве инспирираат. Така правел и Хинохара. За него најинспиративна била поемата на Роберт Браунинг, Абт Воглер. Не мора да се задржувате само на книжевност. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, шетајте во природа.

9.Болката е мистериозна…

Најефикасниот начин за да ја надминете болката е да го направите тоа преку забава. Кога детето ќе се удри, објаснувал Хинохара, ќе плаче сè додека вниманието да му го окупира нешто друго. Тогаш заборава на болката. Така би требало да прават и возрасните луѓе.

Болката треба да се удави со забава. Сметал дека во болниците треба да се донесат тераписки кучиња и останати животни, како и музика која ќе им помогне на пациентите полесно да ја пребродат болеста.

10.Не натрупувајте материјални работи

“Не си го трошете животот на стекнување богатство и трупање на материјални работи, бидејќи и онака ништо од тоа нема да го понесете со себе кога ќе умрете”, едноставен беше Хинохара во последниот од своите десет златни принципи за долговечноста.

Претходна статијаБисквитен колач со пудинг, готов за 10 минути
Следна статијаЕдно МАКЕДОНСКО СОНЦЕ денес на нашата трпеза – За мерак, сеченица мека како памук