Овој колач брзо се прави, ама и многу брзо се јаде : )

Потребни состојки: Бисквити петит или по ваш избор и сок од вишни за натопување на бисквитите. За крем: 1 литар млеко, 15 лажици шеќер, 3 пудинг од ванила, 3-4 лажици брашно, 250 г путер, слатка павлака за шлаг, или шлаг крем од кесички и рендано чоколадо

Постапка: Шеќерот, пудингот и брашното измешајте ги со малку млеко, да нема грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на тивок оган додека да започне да врие. Тргнете го садот малку на страна, постепено додадете ја мешавина со постојано мешање, па вратете на тивок оган.

Мешајте додека да згусне кремот. Пудингот префрлете го во друг сад и покријте го со проѕирна фолија или само тргнете го на страна и повремено промешувајте го, додека целосно да излади.

Кога пудингот целосно ќе биде оладен, додадете го путерот и пенасто изматете го заедно со пудингот. Редење: На дното од тепсијата наредете бисквити, и прелијте ги по малку со сок од вишни (најдобро со лажица).

Преку бисквитите излејте ја смесата од пудинг и рамномерно распоредете ја. Врз пудингот ставете шлаг кој претходно сте го изматиле. Изрендајте едно чоколадо врз шлагот, па наредете уште еден слој бисквити.

Бисквитите пред нанесувањето можете кратко да ги натопувате во сок од вишни, но не мора. Добро изладете пред послужување.

coolinarika.com