Зеленчукот за кој зборуваме е цвеклото. Освен што се користи како храна, ова растение се користи и како лековито растение. Богато е со многу хранливи материи, вклучувајќи есенцијални витамини и минерали кои можат значително да го подобрат вашето здравје.

– Цвеклото може да се користи за лекување на анемија бидејќи е богато со железо. Жените треба да го консумираат овој зеленчук и за време на менструацијата.

– Содржи високо ниво на јод кој помага при проблеми со тироидеа, а исто така, делува против габи, бактерии и други микроорганизми.

– Богато е и со антиоксиданси кои го спречуваат оштетувањето од слободните радикали и оксидативниот стрес.

– Го зголемува метаболизмот.

– Содржи полифеноли и бетели кои спречуваат дегенеративни болести како pак и кардиоваскуларни болести.

– Богато е со калиум кој го штити срцето, магнезиум кој ги зајакнува коските, железо и фосфор кои поттикнуваат енергија и бакар кој ги таргетира слободните радикали.

– Има силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

– Обезбедува заштита од вродени дефекти.

– Помага во чистење на црниот дроб од отпад и токсини.

Овој зеленчук може да се консумира сиров, варен, како сок или печен. Можете да ги користите и листовите богати со калиум. Ако сакате да направите нешто добро за вашето здравје, вклучете повеќе цвекло во исхраната и телото ќе ви биде повеќе од благодарно.

За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ВАРЕНО ЦВЕКЛО: најефикасниот лек за замастен црн дроб и дебело црево“ – ОВДЕ.

ВАРЕНО ЦВЕКЛО: најефикасниот лек за замастен црн дроб и дебело црево