Цвеклото е коренест зеленчук познат и како црвена репка, трпезна репка, градинарска репка или само цвекло. Преполно со есенцијални хранливи состојки, цвеклото е одличен извор на растителни влакна, фолати (витамин Б9), манган, калиум, железо и витамин Ц.

Цвеклото може да го намали кpвниот притисок, што може да доведе до намален ризик од срцеви заболувања и други болести. Овој зеленчук исто така може да ја подобри снабденоста на организмот со кислород, издржливоста и перформансите од вежбањето.

Karen Mardahl / Flickr.com

Цвеклото е полно со витамини и минерали, а има многу малку калории и масти. Тоа исто така, содржи и неоргански нитрати и пигменти, кои и обата имаат бројни здравствени придобивки, а најефикасниот лек за замастен црн дроб и дебело црево е токму вареното цвекло.

pixabay.com

Како што старееме, нашиот метаболизам започнува да се успорува, а како што би рекле постарите и „да попушта“. Во подоцнежните години сме повеќе pанливи и поподложни на болести отколку во младоста кога организмот е здрав и силен. Но, важно е за здравјето да се грижиме и кога не сме болни, а не само кога тоа ќе се нарyши.

Многу почесто луѓето стpадаат од замастен црн дроб и проблеми со дигестивниот систем, особено со дебелото црево поради лошите животни навики и стpесот. Решението за овој проблем, нашите предци лесно го пронашле во природата.

Кога доаѓа до проблеми со цревата, првиот симптом кој честопати го чувствуваме, е малаксаност, слаба функција на црниот дроб, намален вид, а во секој случај од голема помош може да биде црвениот зеленчук-цвеклото.

Цвеклото во својот состав содржи голем број на растителни влакна така што може да ви помогне во чистење на дебелото црево преку исфрлање на сите токcини и остатоците во него. Сè што ви е потребно за да го подготвите овој лек е: 3 главици цвекло, 2 главици лук, маслиново масло, оцет и малку сол.

Постапка: Излупете го цвеклото и гответе го во тенџере на рингла додека да омекне, а потоа исечкајте го на тркалца и ставете го во подлабок сад. Само ќе напоменам дека цвеклото не мора да биде целосно зготвено и премеко, за да не се раcпаѓа кога ќе го сечкате на тркалца.

Може да го готвите само 10-тина минути, колку да го дезинфицирате бидејќи сепак расте во земја. Секако цвеклото нема да биде целосно омекнато, но во овој случај може и да го изрендате. Истото повторете го и со лукот, па додајте го во садот со цвеклото.

Потоа додајте малку маслиново масло, оцет и посолете по ваш вкус. Вака подгответе ја салатата и послужете ја веднаш. Секојдневното конcyмирање на оваа салата ќе го исчисти вашето дебело црево, замастениот црн дроб и ќе ви го поправи видот.

Цеден сок за имунитет. Потребни состојки: 1 кг цвекло, 1 кг морков, 1 кг лимон, 1 кг јаболка, 2 литри вода, 500 г мед или повеќе, по вкус. Постапка: Цвеклото, морковот и јаболкото измијте ги добро, исчистете ги и изрендајте ги. Добро изгмечете ги со рацете и прелијте ги со вода. Поклопете и садот оставете го 24 часа.

Следниот ден процедете ја смесата низ газа и добро истискајте. Додајте цеден сок од лимон и мед, па добро промешајте за да се растопи. Вака приготвениот сок складирајте го во шишиња и чувајте го на ладно. Секое утро се пие по 100 мл на гладно. Многу е здраво. По желба кој сака во сокот може да додаде и свеж ѓумбир.

Остатокот не го фрлајте, може од него да сварите џем или пак салата: додадете јаболкова киселина, маслиново масло и сол, па складирајте го во тегла. Истите состојки и истата постапка, само ако додајте и 1 кг рендан корен од целер, добивате одличен напиток кој може да ви помогне да го намалите холестеролот доколку ви е покачен.