Овој природен антибиотик го ублажува бронхитисот, а главните состојки на лекот се комбинацијата од мед и лук. Како подлога може да се користи портокал, кромид или црна рдовка кои го надополнуваат и засилуваат дејството на овој природен лек. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 портокал, 1-2 чешниња лук, 10-тина г коренов ѓумбир, 1 лажичка мед

ПОСТАПКА: Од портокалот/кромидот/црната рдовка (ротквица) отсечете го горниот дел како капа. Сите овие плодови содржат состојки кои помагаат во зајакнување на имунитетот и побрзо лекување на настинката.

Направете вдлабнување во плодот, не премногу големо, но доволно за да ги собере останатите потребни состојки. Лукчето исечкјате го најситно што можете и ставете го во вдлабнувањето на плодот.

Потоа истото сторете го со свежиот ѓумбиров корен, а на крај сето залејте го со мед. Малку промешајте, поклопете и оставете да отстои 2 часа или преку цела ноќ во фрижидер. По изминатиот период изедете ја содржината или процедете ја.

Ако рецептот го подготвувате со портокал процедете го целиот сок заедно со лукот, ѓумбирот и медот. За возрасни: испијте го сокот наеднаш, за деца над 2 години: 2 лажички дневно. Пред употреба секој треба да се советува со својот лекар.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе корисни рецепти од народната медицина заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Ќерка ми успеав да ја спасам од астма со мед во црна ротквица и веќе 20 години не е астматичар!“ – ОВДЕ.

Ќерка ми успеав да ја спасам од астма со мед во црна ротквица и веќе 20 години не е астматичар!