АКО ИМАТЕ ЈАБОЛКО И ЈАЈЦЕ НАПРАВЕТЕ ОВОШНИ КОШНИЦИ: Нема да ви треба ни квасец, а се замесува за 5 минути. Брзо и лесно направете мини овошни корпи за чија подготовка ви се потребни едно јаболко и едно јајце.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 1 јаболко, 1 лажица путер, 2 лажици шеќер, половина лажичка цимет. За тестото: 1 јајце, прстофат сол, 8 г ванилин шеќер, 50 г шеќер, 2 лажици млеко, 50 г путер, 4 г прашок за печиво, 250 г брашно

ПОСТАПКА: Јаболкото излупете го и исечете го на коцки. Во плитка тава ставете една лажица путер, додајте едно исечкано јаболко, посипете го со шеќер и цимет. Загревајте на тивок оган, повремено мешајќи додека шеќерот се карамелизира.

Оставете да се излади, а во меѓувреме замесете тесто. Во длабок сад ставете едно цело јајце, додајте прстофат сол, ванилин шеќер и шеќер, па добро изматете со рачна маталка.

Истурете две лажици млеко, повторно измешајте, па додајте го растопениот путер. Полека додавајте ги прашокот за печиво и брашното, па мешајте додека да добиете мазно тесто, кое потоа ќе го месите со раце.

Развлечете го потенко, а потоа користете кружен калап или чаша за да исечете кругови како за крофни. Секој од нив наполнете го со една лажичка фил од јаболка, а потоа нежно преклопувајте ги, но не затворајте ги целосно.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги на 180 степени 15-20 минути. Пред сервирање, по желба посипете ги со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Ако имате 1 јајце, 1 портокал и малку брашно, направете го овој десерт за 5 минути“ – ОВДЕ.

Ако имате 1 јајце, 1 портокал и малку брашно, направете го овој десерт за 5 минути