Познатата глумица Амина Беговиќ е доста популарна на социјалните мрежи со своите совети за природно лекување. Имено, таа во текот на животот имала бројни здравствени проблеми, сè додека не ја открила лековитата комбинација од мед и кантарион:

“На медот и кантарионот им благодарам за здравјето и виталноста” – честопати таа изјавуваа за медиумите. Медино – билниот препарат кој го користам веќе со години, е многу евтин и многу лесно се приготвува. Треба да го има секое домаќинство. Неважно дали имате проблем со кожа, изгореници, брчки, дискус хернија, стомачни тегоби.

Секоја болест може да биде извлечена на површината и да се отстрани – тврди глумицата Амина Беговиќ. Уште за време на студентските денови, додека студирала глума во класот на Емир Кустурица, таа на еден од часовите по јавање паднала од коњот и го повредила ‘рбетот.

Така се здобила со дискус хернија. И било кажано дека лек за ова нема. И лекарите, но и луѓето околу мене ми тврдеа дека цел живот ќе имам здравствени проблеми. Не заборавија да ми го нагласат фактот дека лек за ова нема.

Па можеби официјалната медицина нема лек, но јас со еден збир од комплементарни методи успеав своето здравје и живот да ги доведам до совршенство. Пешачење, јога, мед и кантарионово масло кое сама си го приготвувам, не само што ме спасија од болките, туку и ми ја регенерираа ‘рскавицата.

Овој природен препарат не бара премногу време, ниту некакви посебни услови за да се приготви. Многу е едноставен. Нема тука некоја посебна филозофија, едноставно си купувам кантарион од улични продавачи. Можам и сама да ја наберам, ама “севап” е и тие нешто да заработат.

Кога билката ќе се исуши на провев и ќе добие убава црвена боја, тогаш ја киселам во тегла со маслиново масло 40 денови, по можност на сончево место. После тоа се процедува и користи. А ако се помеша со мед, ова масло е одлично за детокс на целокупниот организам.

Јас користам главно багремов мед, малку го загревам на многу ниска температура колку за да стане течен, па потоа го мешам со кантарионовото масло (1:1). Смесата добро се промешува и спремна е за употреба, наутро и навечер по една лажица.

Само маслиновото масло е здраво како и кантарионот, а добиениот екстракт е нешто величествено, како за здравјето така и во козметиката. Овој домашен препарат, покрај тоа што го зајакнува имунитетот, ја подобрува циркулацијата, го отстранува уморот..

Помага да се победи несоницата, желудечните проблеми и стомачните тегоби. Овој рецепт го негувам со години и благодарение на него сум здрава и витална. Веќе со години не посетувам лекари, немам потреба.

Прочитајте: Кантарионово масло: носи сонце и живот, ги лекува сите рани во телото. Кантарионовото масло одамна е познато како масло кое се нанесува на сите рани. Ценето е одамна како антивирусен, антибактериски и антимикробен лек со кој се третираат првенствено проблеми со кожата

– разни, изгореници, исеченици, чиреви, акни, лузни но и проширени вени, хемороиди, реума, воспалени нерви и мускули. Помага при: рани на кожа, изгореници, воспаление на јајници, цисти, вагинални инфекции, хемороиди, проширени вени, чиреви, лузни, стрии и акни, реума и гихт, воспалени мускули и нерви.

Предупредување: При користење на било кој препарат од кантарион, масло, тинктура или чај, не треба долго да се престојува на сонце, зошто кожата станува преосетлива на сончевите зраци. Постапка за приготвување на кантарионово масло. Потребни состојки:

свежи цветови кантарион и маслиново масло за кожни рани )сончогледово, лешниково и сл. за хемороиди). Постапка: Соберете млади цветови од жолт кантарион, па исперете ги во ладна чиста вода и оставете ги еден ден да се исушат. Исечкајте ги ситно гранчињата и ставете ги во стаклена тегла.

Прелијте доволно маслиново масло за да биде билката прекриена. Затворете добро и оставете ја теглата на сонце – за надворешна употреба, или на тополо но под сенка за орална употреба. Оставете времето да си го направи своето. Теглата треба да отстои околу 40 дена, но потребно е секој ден по малку да се протресува.

После еден месец можете да забележите дека маслото ја сменило бојата и станало црвено. Тоа е знак дека активните состојки од билката се преминати во маслото. Тоа е кантарионово масло. После 40 дена процедете го во помали шишенца (по можност темни или обвиткајте ги со алу-фолија) кои можете да ги чувате на темно и ладно, но најдобро е во фрижидер за да не “ужегне” маслото.

Употреба: Маслото е најдобро да се употреби во рок од една година. Важно е да знаете дека кантарионот е фототоксичен, што значи дека после негово нанесување на кожа не смеете да се изложувате на сонце зошто може да ви направи темни дамки.

Меѓутоа, доколку случајно изгорите, можете да се намачкате во тенок слој и да не излегувате повторно на сонце. Орална употреба: по една мала лажичка масло, три до петпати дневно при сите воспаленија на слузокожата од дигестивниот тракт (хранопроводник, желудник, црева…)

Чај: Наутро две големи лажици лист и цвет прелијте со 800 мл врела вода. Оставете поклопено 10 минути. Процедете 200 мл чај и пијте во голтки во текот на 15 минути, млако без мед или шеќер. Остатокот од чајот оставете го со талогот и пијте по потреба во текот на денот.

Се пие за воспаление на бели дробови, гастритис, слабокрвност, нервна напнатост, главоболки, болест на црн дроб, жолтица, чиреви на црева. Терапијата со чај трае 4 до 6 седмици за воспаление на грлото од матка, со услов дневно да се испие повеќе од 800 мл чај од кантарион.