Рецепт и видео презентација на Драгана Михајловиќ од  “Направи Сама – Идеи за креативци” – Пченкарна пита со готови кори, брза и економична. Питата е многу добра, вкусна и обилна. Се приготвува многу брзо и едноставно, па така секој може да ја направи од само неколку состојки.

Еве што ќе ви биде потребно за да ја приготвите оваа пита: 1 пакување готови кори за пита, 3 јајца, 1 шолја (од 200 мл) јогурт, 1 шолја (од 200 мл) пченкарно брашно, 1/2 шолја масло, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), сол по вкус.

За прелив: 1-2 јајца, 1/2 лажица пченкарно брашно, малку јогурт. По желба одозгора питата може да ја наросите со сусам или семки и семе по ваша желба (а и не мора). Постапка: Уште на самиот почеток пред да отпочнете со приготвувањето, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

Во подлабок сад скршете три јајца. Изматете ги со жица-маталка, па додадете една чаша јогурт од 200 мл. Една иста таква чаша додадете пченкарно брашно, на врв од лажичката сол, половина чаша масло и на крај додадете една кесичка прашок за печиво.

Убаво измешајте со маталката додека да ги разбиете грутчињата и да добиете супер мазна и хомогена смеса. тепсијата или плехот во која ќе се пече питата добро намастете ја со масло за јадење. Ставете една кора врз тепсијата, обложете го дното, а краевите нека излегуваат надвор.

Во една чаша ставете малку газирана вода (околу 50- 60 мл) и малку масло (1-2 лажици). Доколку немате газирана вода, тогаш измешајте обична вода со масло. Испрскајте ја кората со оваа мешавина, па поклопете ја со втора кора, па и неа испрскајте ги.

Со ова прскање питата нема да биде сува, туку мека и сочна, а нема да биде премасна што е случај кога корите се прскаат само со масло. Ставете ја и третата кора, па и неа испрскајте ја со мешавината од вода и масло. тепсијата со трите кори тргнете ја за кратко на страна.

Од купот кори извлечете две-три кори и тргнете ги и нив на страна, ќе ги искористите во завршниот дел на питата. Потоа од остатокот, земајте една по една кора и кинете ги со рацете, па ставајте ги во претходно приготвената мешавина. од јајца, јогурт и пченкарно брашно.

Па дури, не мора ни да ги кинете, само гужвајте ги корите и добро натопувајте ги во течната мешавина. Како вам ви е полесно, така правете. Натопените кори ставајте ги во обложената тепсијата (со трите кори), па постапката продолжете ја и со остатокот од корите.

Откако ќе ја исполните тепсијата и ќе го потрошите материјалот, на страна во посебен сад изматете две јајца (ако се помали, а може и едно големо јајце) и околу 20 мл јогурт или газирана вода. промешајте и додадете една полна (или 1,5) лажица пченкарно брашно.

Добро изматете ја изматете ја смесата и одложете ја малку на страна. питата преклопете ја со корите што висат надвор и испрскајте ги со мешавината од вода и масло. Потоа одозгора ставете ги една по една од оние двете кори што ги тргнавте на страна.

Добро потпикнете ги под питата за да биде компактна, испрскајте ги добро со мешавината од вода и масло и од мешавината приготвена од јајца, јогурт и пченкарно брашно. Добро премачкјате ја едната кора, а постапката повторете ја и со втората кора.

Откако добро ќе ја премачкате питата, одозгора наросете ја со сусам или друго семе по ваша желба. Ставете ја да се пече во веќе добро загреаната рерна на 200 степени. Питата се пече околу 20 минути или додека добро да зарумени, а секако прилагодете го печењето според вашата рерна.

Печената пита извадете ја од рерна малку да подизлади, па сечете ја и послужете ја. Питата е превкусна и само со јогурт, но вие секако може да ставите и сирење за уште повеќе да го збогатите нејзиниот вкус. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.