Направете ја најкремастата торта-колач досега. Воздушест и мек колач од јајца и павлака со неверојатен вкус кој ќе ги изненади сите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 70 г шеќер, 350 г кисела павлака или цврст јогурт, 40 грама пченкарен скроб, 1 лажиче прашок за печиво, ситно рендана кора од лимон, 1 лажичка екстракт од ванила

ПОСТАПКА: Одделете ги белките од жолчкитево посебни садови и изматете ги жолчките со шеќерот. Матете неколку минути додека шеќерот да се растопи и да добиете густа, светка кремаста смеса.

Потоа додајте ја киселата павлака/ цврстиот јогурт и повторно изматете. Додајте ситно рендана кора од лимон, скроб и ванила, па повторно изедначете. Со чисти и суви маталки изматете ги белките додека да добиете цврст снег.

Додајте го во смесата од жолчки и мешајте полека со лажица/шпатула додека да се изедначи смесата. треба да остане пенлива и воздушеста. Сипете ја во калап со димензии 21×7 cm или тркалезен калап со обрач, обложен со хартија за печење и печете на 340°F (170°) 30 минути.

Извадете го колачот од калапот и оставете да се подизлади, а потоа отстранете ја хартијата. Кога целосно ќе излади, колачот посипете со шеќер во прав. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „Само јајца, шеќер и млеко! Кремаст освeжителен колач со вкус на карамел, неодолив – лапни голтни!“ – ОВДЕ.

Само јајца, шеќер и млеко! Кремаст освeжителен колач со вкус на карамел, неодолив – лапни голтни!