Само испасирајте ги компирите и ќе го добиете ова супер едноставно и вкусно јадење, прилог кој веднаш го снемува од трпезата. Вака подготвениот компир е совршенство на вкусот и ве освојува со секој залак.

Како и да го подготвувате, ако сте љубител на компирот, тогаш не постои рецепт за вас што нема да ви се допадне. Сепак, ова е малку поинаква подготовка, бидејќи кога ќе ги формирате овие мини ќофтиња од компири, и ги испохувате, ќе добиете прилог на кој никој не може да му одолее.

Ќе добиете крцкава надворешност, а внатрешноста ќе биде кремаста и мека благодарение на кашкавалот кој истекува и се тегне додека тие се топли. Во овие ќофтиња можете да уживате и кога се ладни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 големи компири, 3 чаши вода (600 ml), 2 лажици растително масло (20 ml), 1 главица кромид, 1 лажичка сол (4 g), 1 лажичка црн пипер (4 g), 1 китка свеж магдонос, чедар или капшкавал по избор (120 g), 4 лажици брашно (60 g), 2 јајца, лебни трошки (100 грама), растително масло за пржење

ПОСТАПКА: Земете четири големи компири и сварете ги во 600 милилитри вода. Испасирајте ги компирите во мазно пире, посолете, додајте зачини, односно црн пипер и една рака ситно сечкан свеж лист од магдонос, па претходно издинстаниот кромид и ренданиот кашкавал.

Измешајте и сипете четири лажици брашно. Од тестото формирајте мали топчиња и обликувајте ги со раце. Потоа валајте ги во јајца, па во лебни трошки (презла). Загрејте го маслото на умерена температурата и пржете го подготвените ќофтиња.

Кога ќе заруменат од едната страна превртете ги и од другата, па кога ќе бидат готови вадете ги врз хартиена салветка. Послужете го со сос. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „Од 3 компири и малку брашно правам евтини, ама многу вкусни погачици, излегуваат доста, а можат и да се мрзнат“ – ОВДЕ.

Од 3 компири и малку брашно правам евтини, ама многу вкусни погачици, излегуваат доста, а можат и да се мрзнат