Постојат сè повеќе докази дека можеме да направиме многу повеќе од слепо јакнење на имунитетот.

Добриот имунитет е од пресудно значење за функционирањето на нашиот организам и севкупното здравје. Имунолошкиот систем нèштити од разни патолошки микроби, вируси и бактерии кои секојдневно нè напаѓаат.

“Преку исхраната и стилот на живеење учиме како да го намалиме производството на оштетни имунолошки клетки во нашето тело, и како да ги исфрлиме тие клетки и нивните пораки.

Тоа значи имунолошко подмладување”, вели д-р Џефри Бланд, татко на функционалната медицина.

Тој смета дека е возможно да се преземе контрола над имунолошката функција, на ист начин како што ја преземаме контролата над исхраната или рутината во вежбањето.

“Можете да изградите еластичност во својот имунолошки одговор, на ист начин како кога ги изградувате мускулите. Вашиот имунолошки систем постојано ги толкува сигналите од надворешниот свет, а способноста на телото ефикасно и прецизно да го обработува тие информации, придонесува кон доброто здравје. Колку е подобар тренингот, толку е подобар одговорот”, вели Бланд.

КАКО СЕ ТРЕНИРА ИМУНИТЕТОТ?

Добар сон – секојдневно спијте по 7-8 часа.

Вежбање: Имајте секојдневни физички активности. Само еден час брзо одење може да има позитивен ефект врз имунолошкиот систем.

Начин на живеење: Секој ден престојувајте на отворено (чист воздух) барем 20-30 минути.

Минимилизирајте го стресот: Правете нешто што ве смирува: читање, слушање музика, медитација, изборот е на вам…

Балансирана исхрана: исхраната не е иста за сите. Ниту една диета нема да ја оптимизира имунолошката функција за сите подеднакво, но ова се некои насоки кои би требало да ги проследите:

не се прејадувајте, јадете почесто а помали оброци.

намалете внес на слатки, одбегнувајте газирани пијалици, премногу колачи, торти…

ограничете го месото и храна кој содржи многу заситени масти

фокусирајте се на исхрана со низок гликемиски индекс. Медитеранската исхрана е одличен пример.

зголемете го внесот на влакна: овошје, зеленчук и здрави житарици. Јадете разновиден зеленчук за да го снабдите своето тело со потребните фитонутриенти кои го поддржуваат имунитетот.

Временски ограничена исхрана: Консумирајте ја цела храна во текот на период од 10 часа, одбегнувајќи храна во преостанатите 14 часа. Утврдено е дека временски ограничената исхрана помага во стабилизација на метаболизмот и имунолошките функции.

Додатоци во исхраната: Истражувањата кои биле спроведени последниве 20 години, покажале дека овие хранливи материи се важни за здрав имунолошки систем. Постојат многу докази дека многу хранливи материи не можат само преку исхрана да се внесат во организмот. Посоветувајте се со вашиот лекар пред да започнете со консумација на некој суплемент.

Околина: Ограничете ја изложеноста на хемикалии во воздухот, водата и храната. Тоа вклучува и претерана употреба на лекови кои се продаваат без рецепт, како и производи за куќна и лична нега кои можат да го оптеретат имунитетот.