Рецепт и видео прецентација: Слатка Домаќинка – Нутела торта.

Мислам дека не постои повкусна и покремаста торта од оваа, без печење, која се приготвува од само неколку состојки и готова е за кратко време.

Со овој рецепт нема што да се погреши, гарантирам дека секој може да ја направи. Се користи калап за торти со пречник од 22 см.

Потребни состојки:

250 г мелени кекси по избор (плазма, петит, дигестив…)
50 г мелени лешници
1 лажица шеќер во прав – кој сака
125 г растопен путер
80 мл млеко +-

За фил:

500 г маскарпоне сирење
400 г нутела
2 кесички кремфикс – по желба
и уште: сечкани печени лешници за наросување

Постапка:

Во подлабок сад ставете 250 мелени биксвити, 50 г мелени лешници (претходно тостирани), 1 лажица шеќер во прав (во зависност од тоа колку се слатки кексите и според ваш вкус) и 125 г растопен и малку подизладен путер.

Измешајте добро за да се соединат состојките и додадете околу 80 мл млеко колку да може смесата полесно да се втисне во калапот (22 см) како основа на тортата. Убаво притиснете и оставете ја кората на страна.

За фил: Во длабок сад за матење ставете 500 г маскарпоне (или друго свежо крем сирење, но ова е највкусно), додадете 400 г нутела или друг намаз. Добро изматете за да се соедини во мазен крем. На крај додадете и две кесички кремфикс, но не е задолжително. Кремфиксот се става за да добие кремот повеќе на цврстина.

Излејте го кремот врз бисквитната кора во калапот и убаво распоредете. Рамномерно израмнете и одозгора наросете сечкани печени лешници. Тортата е готова. Пред послужување изладете ја најмалку три часа во фрижидер или најдобро преку цела ноќ. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: