Со оглед на тоа што во грбот има најмногу нервни завршетоци, преку нив органите испраќаат сигнали за предупредување кога нешто не е во ред.

Болката во грбот често прикрива многу посериозни здравствени проблеми. Проблем со бубрезите, бешиката и со жолчката, многу лесно може да се помешаат со болки во грбот, особено кај жените.

ОВИЕ БОЛКИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ИГНОРИРАТЕ

Бубрежен камен

Константна болка во еден дел од грбот, која се шири кон стомакот или препоните, при мокрење (или појава на крв во урината), може да биде знак за бубрежно каменче.

Тој се јавува како резултат на наталожен калциум и фосфор, а најчесто е последица е недоволен внес на вода и преголем внес на протеини. Исто така, голема улога игра и генетиката, па така некои луѓе се поподложни на бубрежен камен од некои други.

Бубрежниот камен е почест кај мажите отколку кај жените и најчесто излегува по природен пат, но оние поголемите  камења е потребно да се разбијат со ласер.

Воспаление на бубрег

Ако покрај болка во грбот се јавува и зголемена телесна температура, таквата состојба може да укажува на воспаление на бубрег. Таа болка најчесто се јавува во долниот дел од грбот, а се шири над карлицата и на препони. Шестпати почесто се јавува кај жените отколку кај мажите.

Воспаление на панкреас

При воспаление на панкреасот, освен болка во долниот дел од стомакот, повраќање и мачнина, може да има болка во грбот. Таа болка може да биде ненадејна и да се шири од стомакот кон грбот, а најчесто е последица на акутно или хронично воспаление.

До воспаление доаѓа поради претерано уживање во алкохол или поради застој на жолчката. Најчесто ги погодува постарите луѓе и оние во средни години.

Камен во жолчно кесе

Иако не наведува на жолчка, болката во грбот заедно со болка во стомакот и рацете, мачнина и болка при дишење, е симптом за жолчен камен или воспалено жолчно кесе.

Жолчно кесе настанува кога во црниот дроб се создава помеќе холестерол или телото послабо го обработува, со што доаѓа до пореметување на односот на жолчната киселина и жолчката.

Кон ова придонесуваат и воспалителните процеси и инфекциите на жолчната кеса, застој во жолчката и промени во рН. Ваков проблем најмногу имаат дебелите жени над 40 години, а голема улога игра и генетиката.

Инфекција на уринарен систем

Инфекцијата на мокрачните патишта е најчесто предизвикана од бактерија, а може да биде и последица од иритација од дијафрагма, тампон или претесна облека.

Се манифестира како болка при мокрење, болка во долниот дел од грбот и во стомакот. Најчесто ги погодува жените, а се лекува со антибиотици, но доколку не се излекува, може да доведе до воспаление на бубрезите