Инфузија на животот: лекува бели дробови, го јакне организмот и го чисти телото од секрет и токсини

Овесот отсекогаш се користел во традиционалната медицина. Еликсирите од овес се користат како стимуланс за несоница, ментална исцрпеност и физички замор.

Бањите од овесни каша помагаат кај ревматизам, гихт, ишијас и некои кожни заболувања.

Сламата од овес се користи како антидијабетично и антисептично средство. Често, многупати се покажал како ефикасен при лекувањето на настинки и грип.

За чај се користи цело зрно од овес, по можност неизлупено. Ако лекувате хронична кашлица или ако со чај од овес лекувате воспаление на бели дробови, тогаш чајот зџасладете го со лажичка домашен мед.

ЧАЈ ОД ОВЕС – КЛАСИЧЕН РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

1-2 шолји овес
1 литар зовриена вода

постапка:

Во еден литар зовриена вода ставете околу една чаша до две зрна од овес. Варете додека да омекне зрното, па поклопете и оставете да отстои 20 минути.

Потоа процедете и пијте по половина шолја најмалку трипати дневно. На тој начин ќе го забрзате метаболизмот и ќе го зајакнете телото.

ЧАЈ ОД ОВЕС ЗА ВОСПЛЕНИЕ НА БЕЛИ ДРОБОВИ КАЈ ДЕЦА

Потребни состојки:

1 чаша овес со лушпа
1 литар млеко
мед или путер по вкус

постапка:

Една чаша зрно од овес во лушпа се мие добро, па се вари на тивко во еден литар млеко. Се вари околу еден час со постојано мешање.

Потоа се дава како чај или се јаде како кашичка, неколкупати во текот на денот. Може да се додадет мед или путер за да се подобри вкусот.

ЧАЈ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

Потребни состојки:

1 чаша овес во зрно
1 литар вода
1 чаша млеко
3 лажици мед

Постапка:

Една чаша овес сварете ја во еден литар вода додека да добиете густа течност. Пред крај додадете малку млеко и варете уште малку.

Изладете ја течноста, па додадете 3 лажици мед. Од овој чај се пие трипати дневно како средство за јакнење на организмот. Може да се јаде и како каша.

ЧАЈ ОД ОВЕС ПРОТИВ НЕСОНИЦА

Потребни состојки:

500 г овес
1 литар ладна вода

Постапка:

Половина килограм овес се потопува во 1 литар ладна вода и се вари околу половина час. Се процедува и се пие по 200 мл дневно засладено со една лажичка мед.

Сварените зрна од овес може да се јадат како варена пченица, да се додаваат во салати или како додаток на јадењето, а може и како десерт со мед и ореви.

Loading...