Смесата е толку супер, што едноставно сум воодушевена! Подобра е од фондан, бидејќи фонданот ми е пресладок, а ова ми е супер замена и уште подобра!

Потребни состојки:

250 г чоколадо
4 лажици гликозен сируп или пченкарен сируп

Постапка:

Растопете го чоколадото (јас го растопив во микробранова печка). Додадете гликозен сируп (ако е густ, растопете го неколку секунди во микробранова, колку да се разреди за полесно да се соедини со чоколадото).

Измешајте ги но не многу брзо, туку полека, колку повеќе да не се гледа гликозниот сируп. Ќе почувствувате како започнува да се одвојува од садот и со мешањето ќе се формира во топка.

Тестото ставете го помеѓу две проѕирни фолии или кеси за замрзнување или нешто слично, па со помош на оклагија развлечете кора дебела колку еден прст.

Кората оставете ја во фрижидер да се лади три часа. Потоа извадете ја смесата и оставете да се “одмрзне” на собна температура.

Потоа од неа можете да правите што ќе посакате. Се однесува исто како пластелин или како тесто, не се лепи на рацете а фино се обликува.

Од оваа смеса можете да обликува покривачи за торта, фигури, ружи… (види видео).

Можете да користите темно чоколадо, млечно чоколадо, бело чоколадо….

Ако сакате розова смеса, во белото чоколадо кога ќе го растопувате само додадете прехрамбена боја, па ќе добиете розови ружи, жолти, зелени…

Напомена: Додека се обработува смесата се однесува како пластелин и може да се обликува. Потоа фигурата откако ќе отстои во фрижидер, потоа не се растопува.

Ако сакате да направите ружи, погледнете го видеото, многу е лесна изработката. Развлекувате тенка кора од која со чаша вадите кругови, а потоа ги калемите круговите еден на друг во вид на цвет…погледнете: