Луси починала само четири месеци откако и се појавил јадежот, а три месеци по венчавката.

Луси (27) и Лијам од Лондон биле вљубен пар и вредно работеле за да си обезбедат убав заеднички живот, а притоа подготвувале и свадба. Меѓутоа судбината одлучила да ги раздвои на суров начин, само три месеци по свадбата.

Имено, Луси отпатувала во друг град на семинар, а таму веќе вториот ден започнала да чувствува јадеж по целото тело. Немало осип на кожата, па затоа го игнорирала симптомот, но веќе следниот ден му се доверила на својот вереник.

-Ми се јави и ми кажа дека целото тело ја чеша. Таа не е некој што веднаш ќе дигне паника, па затоа знаев дека е нешто сериозно, штом воопшто таа ми го спомена – се потсетува Лијам.

Мораше да оди во болница некој да ја прегледа, а таму лекарот и дијагностицирал шуга и и’ препишал крем. Меѓутоа, тој крем воопшто не и’ помогнал.

По неколку дена, се вратила во Лондон, а јадежот се влошил – сега кожата и крвавела кога ќе се почешала. Посетила друг лекар, кој се посомневал на алергија па затоа и препишал антихистамини, но и тоа не и’ помогнало на Луси.

-За жал, обете дијагнози, за шуга и за алергија – биле погрешни. Точната била најлоша – рак, – раскажува Лијам.

Најпосле на Луси и бил дијагностициран рак на…

Најпосле на Луси и бил дијагностициран рак на жолчните канали, кои служат за транспорт на материите од црниот дроб во жолчната кеса. Станува збор за ретко заболување за кое многу малку се знае, состојба кога туморот се развива во внатрешноста на жолчните канали.

-Кога и кажаа дека има рак, се скрши. Дадов се’ од себе за да не заплачам заедно со неа, сакав да бидам силен поради неа. Започна со хемотерапија, ја промени и исхраната, но веќе беше предоцна – низ солзи раскажува Лијам.

Луси починала само четири месеци после појавата на јадежот, а три месеци после свадбата.

Овој облик на рак станува се’ почест и многу е важно подигањето на свеста за неговото постоење, за да се спречи или барем навреме да се открие. Тоа сега стана мисија за Лијам, а ние ви ја пренесуваме.