Ако ги имате овие симптоми додека сте млади – во староста е можно да заболите од деменција

На сите им се заканува ова опасно заболување во староста кое е речиси неможно да се лекува, а еве на кои симптоми мора веднаш да реагирате!

Деменцијата е болест која се повеќе зема замав меѓу старата популација, но раната дијагноза може да ја спречи и успори оваа состојба.

Еден од првите знаци дека лицето има ризик да заболи од деменција е повторување на веќе раскажани приказни. Повторувањето на она што веќе сте го кажале или започнувањето на некоја работа која веќе сте ја завршиле, е знак дека доаѓа до невродегенеративни болести.

Loading...

Поставувањето на прашања на кои веќе сте добиле одговор е исто така, знак за почеток на деменција, а повторување на слично однесување укажува дека дошло до оштетување на мозочните клетки.

Навремената дијагноза помага да се успори таквата состојба. Со соодветна терапија и поддршка од опкружувањето, голем број пациенти со деменција живеат активен и исполнет живот, но експертите апелираат дека мора веднаш да се реагира на првите симптоми од оваа болест.

Loading...