Жените мораат да им веруваат на своите мажи – еве што им се случува кога се подолго без секс

Жените обично не им веруваат на мажите кога се жалат од недостиг на секс, бидејќи тоа им штети на нивниот полов орган. Сепак, истражувањата покажаа дека тоа всушност е точно.

Експертот за сексуално здравје, Ростилав Беледа истакнува дека сексуалната апстиненција навистина негативно влијае врз подвижноста на спермата, го зголемува ризикот од болести на простатата, а може да предизвика и проблеми со ерекцијата.

Беледа вели дека зголемената сексуална желба при апстиненција може да предизвика одредени невролошки пореметувања, како и можност за развивање на афинитети кон перверзии.

-Нивото од последиците на апстиненција зависи од времетраењето како и од возраста во која се наоѓа лицето.

Маж кој има 25 години, со силно либидо, може да почувствува проблеми после две седмици апстиненција, но тоа нема да влијае врз неговите сексуални функции.

На возраст од 30 до 35 години, неколку месеци апстиненција може да резултира со прерана ејакулација и проблеми со ерекцијата.

Тие проблеми главно исчезнуваат кога сексуалната активност ќе стане регуларна.

Еве што е најстрашното што може да им се случи на мажите кои апстинираат повеќе од 1 месец:

Мажи над 50 кои апстинираат неколку месеци може да ја изгубат сексуалната функционалност – вели Беледа.

Покрај проблемите со ерекција и ејакулација, недостигот на секс кај мажите може да ги предизвика и следниве проблеми:

1.Нервоза

Потешко ги поднесувате стресните ситуации во однос на лицата кои имаат сексуален однос најмалку еднаш во две седмици.

Причината е следната: во текот на сексот се ослободуваат ендорфини и окситоцин кои го подигаат расположението.

2.Ризик од рак на простата

Мажите кои се воздржуваат од секс имаат поголем ризик од добивање на рак на простата.

Мажите кои имаат редовни односи, имаат 20% помал ризик од заболување на рак на простата. Редовната ејакулација ја „чисти“ простата од штетните материи.

Претходна статијаИ се појавил јадеж и 4 месеци подоцна починала
Следна статијаДали во нашата храна и пијалок ни ставаат сладок отров?