По сведоштвото на жената која се претставува како Луна за нејзиното чудотворно излекување на ‘рбетот, посведочи уште една мирјанка, госпоѓата Милија Приба. Таа ја раскажа својата приказна и чудото кое и’ се случило во манастирот Џунис.

-Да, Свети Роман лекува и нервни/невролошки проблеми кај деца и возрасни… бев да ги посетам двата манастири – започнува таа.

Во манастирот на Пресвета Богородица во Џунис мене лично ми се случи чудо. Додека чекав во малата црква во редот за Олтар, од мојата лева страна на ѕидот видов слика со Стапка, црвена.

Се сетив дека една таква имам видено и во големата црква, размислив за момент, не знаев чива е таа стапка, но сигурно е света штом е тука.

Вака си помислив и пријдов, се прекрстив и ја бакнав. Се вратив во редот и после неколку секунди во десното мое стапало кај сводот во табанот почувствував топло струјно движење од правец на петата кон прстите, но само во средишниот дел, во должина од 5-7 см.

Аух, помислив, што ми се случи сега? Дали ќе можам да одам понатаму? Како ќе се вратам дома? Дојдов со автобус, туристички, на аџилак, но…

Ништо. Чекам и понатаму ред за Олтар, па сега што ќе биде со ногата нека биде, размислувам. Во десното стапало имам некој проблем, некоја неправилност, грешка, уште од раѓање како што ми има кажано мајка ми. Во тоа десно стапало чувствував грч и подмолна болка, понекогаш посилно, понекогаш послабо, но со текот на времето се навикнав.

Пред ова патување многу ме болеше токму на тоа место, веќе неколку денови по ред… Дојдов јас до Олатрот, се поклонив, се спуштив на каменот под Олтарот, се помолив…Излегов надвор, слегов до бунарот, па во капелата, зедов Света вода во шишенце, се качив горе и се приближив близу главната капија, а тука беше и свештеникот кој претходно ја одржа Службата во големата црква и кој ни посака добредојде и ни го раскажа историјатот на црквата…

Тој така си поприкажуваше со гостите, па и јас се придружив кон разговорот… И во тој момент помислив дека сега вака полека ќе тргнеме… и во истиот миг се сетив на моето стапало. И одеднаш, станав свесна дека повеќе не чувствувам никаква болка во стапалото. Го помрднав стапалото и почнав да го движам лево-десно, го вртев наваму-натаму, но болка немаше! Ниту оној непријатен грч кој со години го чувствува.

Јас сфатив дека се случи ЧУДО! Моета стапало беле излекувано!

Благодарна сум и на Светата Мајка Богородица за ова и Господ Бог. И секогаш кога ќе ми се укаже пригода јас раскажувам за оваа моја “догодовштина”, нека слушне народот и нека знае колкава е моќта на Светата мајка Богородица. И дека тоа е реално и вистинито.

Лично јас го доживеав и го почувствував на своја кожа, што би се рекло. А не отидов во тој Свети Храм поради моето стапало, ниту со некој специјален здравствен проблем. Отидов на едно поклонување на Светците, св.Лука во Бошњане, Св.Кнез Лазар во Лазарица, Св.Мајка Богородица и Св.Роман во Џунис.

Мене инаку ми беше вторпат што го посетив овој храм. Првпат бев кога сè уште беше обична “Брвнара” со родителите и баба ми, тогаш бев дете. Се сеќавам само дека имаше многу народ, голема гужва и сè изгледаше многу поинаку отколку денес. Околу црквичката имаше голем селски двор, ограден како и сите селски имоти.

И ова му го раскажав на свештеникот. Среќа тој беше постар човек, па и тој се сеќаваше на првобитниот изглед. А сега со гордост вели дека манастирот, портата, големата црква…сето тоа народот сам го изградил. Го изградиле со своите посети, со своите прилози… – го завршува своето сведоштво Милија.

Повеќе за манастирот:

Во Крушевац постои чудотворен извор кој извира од манастирот, а од кој слепите прогледуваат, а неподвижните проодуваат. За чудесните исцелувања на изворската вода од ова место сведочат бројни луѓе.

Манастирот Џунис е женски манастир во нишката епархија. Се наоѓа во истоименото село Џунис, на подрачје од градот Крушевац. Легендата која потекнува од 1898 година, вели дека Богородица се прикажала на 13 годишно девојче, пред кое тогаш се отворил изворот.

И рекла дека на ова место треба да се подигне црква, а за да го означи точното место таа фрлила сад со вода врз каменот. Според сведоштвата, каменот со текот на времето започнал да расте, кој сега се наоѓа во малата црква. Мајката Божја го благословила манастирот и прорекла дека ќе лекува болни.