Оваа торта стана апсолутен хит, сите ми го бараа рецептот!

Потребни состојки: 1 литар млеко, 2 пудинг од ванила, 250 г шеќер, 3 ванилин шеќер, 1 чоколадо за готвење, 200 г мелени лешници, 200 г кокос, 200 г мелени бисквити, 1 кутија пепит бисквити, 2 шлаг пена и 250 г путер/маргарин

Постапка: Пудингот разматете го со малку млеко, а остатокот ставете го со шеќерот да се свари.

Со постојано мешање додавајте му го разматениот пудинг додека да згусне, а потоа тргнете го на страна да излади. Кога пудингот ќе излади, помешајте го со пенасто изматен путер и ванилин шеќер, па добиениот крем поделете го на 3 еднакви дела.

Во првиот дел додадете растопено чоколадо и лешници, во вториот кокос, а во третиот мелени бисквити. Редете: ред бисквити, прв фил, ред бисквити, втор фил со бисквити, ред бисквити, трет фил со кокос, ред бисквити, шлаг.