Дека „храната може да биде лек, но и о тров“ веќе секому му е познато, но во последно време и свеста кај луѓето е значително повисока, за тоа дека здравјето во голема мера зависи и од начинот на исхраната, но и од квалитетот на намирниците кои ги јадеме.

Гастроентерологот проф. д-р Воислав Перишиќ во утринската програма на Прва зборуваше за измамите на пазарот, каде често мислиме дека купуваме домашни, проверени производи, а всушност добиваме „мачка во вреќа“!

Професорот детално објасни какво месо никогаш не смеете да купувате и кој е тестот што дефинитивно докажува дека не сме купиле сирење, туку неквалитетен маслен производ. Особено предупреди за месото од живина.

Професор Перишиќ рече дека на пазарот, но и во месарницата, треба добро да се разгледа бојата на маснотиите на месото од живината.

„Лошиот квалитет, запомнете, има бели маснотии, тоа е најлошото кога станува збор за живино месо. Кога ќе видите бели маснотии, тоа значи дека има лоши липиди. Жолтата маст кај пилешкото месо, тоа е вистинската работа.

Кога ќе видите жолта маст на пазарот, тоа значи дека пилето било хрането со нормална храна од дворот. Белата маст кај месото од живина значи – дека се хранело со концентрат! Ако на пилешкото месо забележите бела маст, тогаш подобро не ја купувајте“, рече тој, а во една претходна емисија објасни дека кај говедското месо, за разлика од пилешкото, токму белата маст е показател за квалитетно месо.

Тој исто така објасни и како може да се препознае сирењето со лош квалитет. Основно, ќе го разлиукувате според неговата цена, односно она што е поквалитетно секогаш има повисока цена. Но, некогаш ниту тоа не е доволно, зошто денешните измам-ници се виртуози во својата професија.

„Првиот критериум е цената, знаете што, има многу измам.ници на пазарот, слободно можам да го кажам тоа. Прво го прошетувам целиот пазар, а потоа се распрашувам кои се тие и и од каде доаѓаат продавачите, од каде потекнуваат.

Домаќинката мора да има време за да разговара со продавачите. Потоа, ги одбирате оние продавачи за кои сметате дека се од доверба. Горчината на сирењето, а потоа и киселоста, се главните сигнали. Но, текстурата исто така е важна. Земете го сирењето во рака, па ако забележите е „песокливо“ и се распаѓа како во трошки, тоа е сирење има сомнително потекло“, рече тој.

КОЈ ВИД НА МЕСО СОДРЖИ НАЈМНОГУ ВИТАМИН Д

Следниот пат кога ќе одите во месарница, купете вакво парче месо – преполно е со витамин Д, советува попу-ларниот доктор Перишиќ кој е редовен во утринската емисија на ТВ Прва. Тој често говори за здравата исхрана, суплементацијата и а во едно претходно гостување, особено го нагласи податокот за тоа во кое месо се содржи најмногу витамин Д.

Доколку сакаме да се храниме избалансирано и здраво, а сепак евтино, прочитајте ги во продолжение неговите препораки. Гастроентерологот во претходните гостувања објаснуваше како треба да се маринира месото за да биде најздраво.

„Сите сакаме за ручек да имаме по парче месо во чинијата. Наместо парче месо, истото можеме да го замениме и со соја, но јас ете, не ја сакам сојата. Еве, ќе ви кажам, најквалитетното месо кога ќе влезете во некоја американска месарница е всушност говедското месо.

Тамошните експерти најмногу го ценат говедското месо. Не телешкото, не јунешкото. Зошто? Многу е црвено, а тоа говори дека содржи висок процент на железо, а каде има железо, таму има и цинк“, објасни професорот.

Д-р Перишиќ објасни на што најмногу треба да се обрати внимание:

„Кога ќе купувате говедско месо, честопати може да забележите бел слој од масно ткиво, но знајте дека оваа маст е здрава, бидејќи содржи многу витамин Д“, објасни докторот и додаде дека вегетаријанците имаат чест проблем со недостиг на витамин Д, цинк и железо.

„Пред некое време читав дека приближно 40% од вегетаријанците во Велика Британија имаат дефицит на цинк. А потребни ви се само 10 милиграми дневно, а тоа се само 20 г месо“ – рече проф. Перишиќ.