ЕВЕ ЗОШТО УТРЕ Е НАЈНЕОБИЧНИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА: Славиме голем празник

Утре го славиме Преподобен Киријак Отшелник. На 12 октомври христијаните го слават празникот кој уште се нарекува и „господски“ празник. Се смета дека овој ден е најнеобичниот ден во годината, а еве и зошто.




Празникот на Преподобен Киријак Отшелник на ист ден го обележуваат католиците, православците и протестантите ширум Европа. Според тоа, овој датум е единствен меѓу различните христијани.




Меѓутоа, и по нешто друго се разликува овој празник и не е како останатите. За разлика од многубројните празници за кои постои народни верувања кои сугерираат „да  не работи ова или она“, народот за овој ден го вели спротивното: треба да се работи – но не дома.




Овој обичај потекнува од многу одамна кога на почетокот од октомври се извршувале последните полјоделски работи пред почетокот на зимата, па така, сите сили биле насочени во тие работи, а оние домашните можеле да почекаат и за зимно времно.




Постои уште едно големо верување за овој ден, а тоа е дека на овој датум не треба да има венчавки. И ова верување се темели на тоа дека сватовите не би можеле да ги соберат гостите, бидејќи сите се зафатени со полјоделските работи и подготовките за зима.




На овој ден исто така, не се тргало никаден на пат, ниту се пловело, за да не се навреди светецот. Нашиот народ верува дека родените на овој ден се особено дарени и дека ќе имаат голема среќа во животот.




Преподобен Киријак Отшелник. Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше презвитер, а месниот епископ Петар му беше роднина. Во раната младост, епископот го постави за чтец на соборната црква. Читајќи го Светото Писмо, младиот Киријак ѝ се восхитуваше на Божјата Промисла којашто ги прослави сите вистински слуги на ж ивиот Бог и го устрои спасението на човечкиот род.




Во неговата осумнаесетта, година желбата за ду-ховен живот го одведе во Јерусалим. Таму тој стапи во манастирот на некој Божји човек Евсторгиј, којшто му даде почетни упатства за монашки живот. Потоа отиде кај свети Ефтимиј, кој го проѕре како иден д уховен великан, го облече во схима и го прати на Јордан кај свети Герасим, каде што Киријак помина девет години.




По с мртта на Герасим повторно се врати во манастирот на свети Ефтимиј, во кој остана во безмолвие десет години. Потоа постојано го менуваше местото на подвигот, бе-гајќи од човечка слава. Се подвизуваше и во обителта на свети Харитон, каде што најпосле и го зав-рши својот пат на земјата, а наврши сто и девет години.




Прославениот подвижник и чу-дотворец свети Киријак беше крупен и силен во телото и таков остана до длабока старост и покрај теш-киот пост и бдеењето. Во пустината понекогаш со години се хранеше само со сурово зелје. Ревнуваше многу за православната вера изобли-чувајќи ги ересите, особено Оригеновата ерес.




За себе зборуваше дека како монах, сонцето никогаш не го видело да јаде ниту да се гне-ви на некого. Според уставот на свети Киријак, монасите јадеа само еднаш дневно, и тоа после залезот на сонцето. Беше големо светило, столб на Православието, гордост на монасите, моќен ис-целител на б олните и благ утешител на таж-ните. Во полза на мнозина поживеа долго и се пресели во вечната радост на својот Господ, во 557 година.

Претходна статијаЗДРАВА И ДИЕТАЛНА ПИЦА: Без брашно, нискокалорична, а протеинска, многу вкусна
Следна статијаОВАА ЛУТЕНИЦА ГИ ЗАСЕНИ СИТЕ ДРУГИ РЕЦЕПТИ: Уште првиот ден се изедоа неколку тегли