ЗДРАВА ПИЦА ЗА СЛАБЕЕЊЕ, без брашно, нискокалорична, а протеинска, многу вкусна. Рецепт на Направи Лесно-Еве како. Многу вкусна пица која се подготвува многу брзо и лесно, може да ја јадете и додека сте на диета, а да немате грижа на совест.




Од оваа количина излегува една класична мала пица за едно лице, меѓутоа, тестото не е класично како кај обичната пица. Во овој рецепт сите состојки се мешаат, па тестото се излева во плех и така се пече.

Многу е вкусно, а пицата ја филувате во ваш избор, се разбира, со повеќе зеленчук за да биде со помалку калории. Од тестото ќе добиете доста диетални влакна, а од филот доаѓаат калориите.




Потребни состојки: 3 лажици овесни снегулки, 1/2 лажичка сода бикарбона, прстофат сол, 2 супени лажици павлака, 1 јајце, 2 супени лажици вода. За фил: доматен сос, ајдамер кашкавал или моцарела, сувомеснато по избор ако сакате, зеленчук по ваш избор, рузмарин, босилек, оригано..




Постапка: Во еден сад ставете ги овесните снегулки, додајте половина лажичка сода бикарбона, посолете, зачинете и додајте ја павлаката. Соединете ги состојките па во смесата разматете го јајцето заедно со водата.




Целата смеса се соединува и се остава 1-2 минути да отстои на собна температура. Ќе забележите дека не добивате класично тесто, туку густа аморфна смеса која е доста мека. На плех обложен со хартија за печење, излејте ја смесата и формирајте круг.




Смесата подеднакво се распоредува за да се добие тенка кора и се пече во претходно загреана на најсилна температура додека тестото да порумени. Потоа се вади од рерна и се филува по желба: Премачкајте со доматен сос, одозгора нанесете рендан кашкавал.




Додајте сувомеснато или зеленчук, наросете со рузмарин и други зачини по вкус и вратете на печење додека кашкавалот да се растопи. Пицата се послужува топла. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте рецепт за посна пица:




Посна пица која мора да ја пробате – толку е вкусна, што повторно ќе ја правите. Потребни состојки за тесто: 450 г брашно, 280 мл вода, 70 мл масло, 1/2 коцка квасец, 1,5 лажичка сол и 1 лажичка шеќер.

Потребни состојки за фил: 2 лажици кечап, 2 лажици ајвар, 100 г маслинки, 100 г печурки, 1/2 кромид, 3 поголеми кисели краставички, 1 мала, свежа пиперка, 50 г слатка пченка, 2 поголеми конзерви туна на парчиња, 300 г растително сирење, 1 кесичка оригано.



Постапка за приготвување на тестото: Во топла вода додајте го шеќерот, па растворете го квасецот и оставете го на топло да се активира 10-тина минути. Во подлабок сад ставете го брашното, додајте масло и замесете го тестото со активираниот квасец.




Замесеното тесто оставете го да стаса додека се подготвува филот. Фил: Исцедете ја туната од маслото и измешајте ја со ситно исечкан кромид. Исечете ги шампињоните на потенки парчиња, пиперките и краставиците на коцки, а маслинките исечете ги на кругчиња.

Измешајте ги ајварот и кечапот и добро соединете ги. Земете голем плех за печење (од електричниот шпорет) и подмачкајте го со малку масло (може и да го обложите со хартија за печење, но и неа малку намастете ја). Раширете го стасаното тесто според големината на плехот.





Преку цела површина премачкајте го со мешавината од кечап и ајвар. Потоа наредете туна со кромид, исечкани печурки, краставици, пиперки, маслинки и слатка пченка. Наросете оригано и одозгора изрендајте растителното сирење.

Ставете да се пече, во загреана рерна, на 200 С. Веднаш штом рабовите на тестото започнат да заруменуваат, пицата е готова. Извадете ја од рерна и послужете.