Многу се вкусни топчињата, едноставни и за многу кратко време се приготвуваат. Една мана имаат, калорични се, па треба да се воздржите и да изедете само неколку.

Потребни состојки: 800 г еурокрем, 400 г путер, 2 бели Милка чоколади, 2 црни Милка чоколади, 200 г лешници, 200 г мелени бисквити, 200 г бадеми и кокос и мелени лешници за валкање и декорација

Постапка: на тивок оган растопете црно чоколадо со 200 г путер, а потоа додајте црн еурокрем, па мешајте и додавајте ситно сечкани лешници и 100 г мелени бисквити.

Брзо тргнете од оган и оставете смесата да излади.

На тивок оган растопете бело чоколадо со 200 г путер, па додадете бел еурокрем и ситно сечкани бадеми. Мешајте на тивок оган, а потоа додадете ги мелените бисквити.

Кога ќе излади смесата, правете топчиња и валкајте ги во кокос или во мелени лешници.