ПАСТА ОД СОДА БИКАРБОНА: Делува кај егзема за пет дена

Егзема (дерматитис) е хронично воспаление на кожата. Се проценува дека 3-7% од популацијата имаат некаков вид на егзема, а кај повеќе од 70% од пациентите, тоа е наследна болест. Природните рецепти за лекување можете да ги прочитате најдолу во текстот.

Постојат различни видови на егзема (дерматитис) кои се разликуваат во причините и симптомите. Егземата е многу индивидуална, а симптомите може да варираат во зависност од возраста и спецификите на видот што го имате. Тоа е состојба која може да се појави кај секој во одреден момент од животот.

Сепак, некои луѓе се повеќе склони кон егзема од другите. Иако не е опасна по живот, предизвикува голема непријатност и б олка. Атопичен дерматитис или атопична егзема е најчестиот вид на егзема и може да се појави на кое било место на телото.

Егземата е воспалителна состојба, но не е заразна и не може да се пренесе од едно на друго лице. И покрај обемното истражување кое работи на проблемот со егзема, болеста сè уште не е доволно разбрана, ниту има конкретен лек.

Иако нема тестови за утврдување на егзема, лекарот обично дијагностицира според прегледот на кожата и симптомите. Иако не е сигурно што го предизвикува ова кожно заболување, се смета дека станува збор за премногу активен имунолошки одговор на надразнувачи кои доаѓаат во контакт со кожата.

Симптомите на егзема (дерматитис) можат да се појават, а потоа да се повлечат така што кај сите индивидуи е различно и нема конкретен тек на болеста. За некои луѓе, егземата поминува со текот на времето, а за други останува состојба на живот. Без оглед на кој дел од кожата е засегната, егземата речиси секогаш предизвикува локално чешање.

Повеќето од карактеристичните знаци се појавуваат кај пациенти во раното детство, обично пред петтата година од животот. Понекогаш чешањето започнува пред да се појави осипот, но кога ќе се појави, осипот најчесто се појавува на лицето, грбот, колената, зглобовите, рацете или нозете.

Може да влијае и на други делови од телото. Погодените области се обично многу суви, задебелени или лушпести. Новороденчињата може да имаат црвени, груби траги на образите и скалпот или на рацете и нозете. Постарите деца и возрасните имаат светло-црвени на кожата кои чешаат, а најкритичните области се претежно задниот дел на вратот и наборите зад колената.

Симптомите на егзема (дерматитис) вклучуваат: сува, чувствителна кожа, интензивно чешање, црвена, воспалена кожа, повторувачки осип, груба кожа, појава на оток, локално потемнување на кожата, појава на лузни. Чешањето обично се влошува во вечерните часови и може да доведе до појава на инфекција.

Постојат неколку работи кои може редовно да ги практикувате кои ќе ви помогнат да ги ублажите симптомите на егзема, а тоа се:

Редовната топла бања може да помогне во ублажување на симптомите на егзема. Нанесувајте хидратантен крем 3 минути по капењето за да ја задржите влагата. Навлажнувајте ја кожата секој ден.

Носете памучни и меки ткаенини, избегнувајте груба иритирачка облека. Користете благ сапун при миење на кожата (најдобро природен козји сапун). При бришење на кожата, потребно е да ја натапкате со памучна чиста крпа. Триењето може да го зголеми црвенилото и чешањето. Избегнувајте ненадејни промени во температурата и активности што ве прават испотени (кога е можно).

Понекогаш храната може да биде причинител за појава на егзема, бидејќи оваа состојба е тесно поврзана со алергиите. Потребно е да избегнувате: адитиви, храна која содржи глутен, маргарин и транс масти, шеќер, солена храна, одредена храна која може да предизвика иритација на кожата како: цитрус, соја, цимет, домат.

Истовремено, храната може да биде и лек при лекувањето на егземата. Кон-сумирајте храна богата со омега – 3 масни киселини кои ќе ги намалат симптомите на егземата. Добар содржател на овие масти е лососот, оревите и други семиња.

Банана

Бананите се богати со магнезиум, кој го намалува хистаминот, како и витамин Ц и калиум. Магнезиумот е неопходен за нормална функција на витамин Ц и калциум.

Леќата за бор-ба против егзема

Леќата е богата со кверцетин, кој се смета за клучна состојка во бор-бата против егземата, бидејќи е силно антиинфламаторно и антихистаминско средство. Друга храна богата со кверцетин вклучува агруми, јаболка, брокула и бобинки.

Јајца и овесна каша

Јајцата и овесната каша имаат високо ниво на цинк, минерал познат во бор-бата против егземата.

Младо лукче

Лукот исто така има антиинфламаторно дејство кој го намалува хистаминот, заедно со витаминот К кој е важен за одржувањето на здравата кожа. Исто така е важно да се елиминира храната што може да предизвика егзема, што првенствено вклучува брза храна, преработена храна, алкохол, храна со шеќери и сода. Колку повеќе можете да се одвикнете од оваа храна, толку подобро.

Запомнете дека заздравувањето на егземата бара време. Дури и ако не гледате резултати веднаш, држете се до вашиот природен режим затоа што на крајот резултатот ќе биде видлив. Се разбира, како и секогаш, консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете со лекување.

Носете удобна облека

Носете облека што не предизвикува иритација и избегнувајте облека што поттикнува чешање, како што е волната. Памучната облека е најидеална за смирување на симптомите при егзема.

Внимавајте на употребата на детергенти

Обратете внимание и на детергентот за алишта што го користите. Доволно е детергентот да остави мала трага на облеката што придонесува за појава на егзема. Обидете се да користите природен прашок за перење или едноставно заменете со некој друг детергент.

Кога ја перете облеката, користете помалку детергент отколку што е препорачано на етикетата. Повеќето производи за перење се концентрати, што значи дека се имаат висока концентрација која може да ја иритира вашата кожа. Обидете се да користите четвртина од препорачаното.

Обидете се да ги исплакнете алиштата двапати со вода. Сè што доаѓа во контакт со кожата треба да се исплакне двапати како облека, постелнина, крпи. Новите машини за перење најчесто ја имаат оваа опција на двојно плакнење, но доколку вашата машина за перење нема ваква опција, само повторете го циклусот на плакнење. Ладното плакнење е доволно.

Имајте редовна физичка активност

Кога вежбате, носете соодветна спортска облека дизајнирана да ја одржува кожата ладна. Ова ќе ве спречи од прекумерното потење, што може да ги влоши симтомите на егземата.

Изберете неиритирачки сапуни и шампони. Надразнувачи како сапун и детергент, шампон, течност за миење садови и сите производи со дополнителни парфеми можат да ја иритираат вашата кожа. Наместо тоа, обидете се да користите природни сапуни и средства за чистење врз база на билки.

Користете овлажнувач на воздухот

Сувиот воздух во вашата спална соба и домот во целост може да ги влоши симптомите на егзема. Оваа ситуација можете да ја елиминирате со овлажнувач кој ќе додаде влага во вашиот воздух. Папратот е растение популарно како природен навлажнувач на воздухот.

Контролирајте го с тресот

Намалете го с тресот колкуу што е можно повеќе. Егземата е силно поврзана со стресот, и психолошки и физички, затоа одвојувањето време за релаксација може да биде многу корисно.

Избегнувајте капење или туширање со топла вода

Кога се бањате или туширате, користете топла вода (не премногу ладна или премногу топла). Исто така, премногу капење може да ја отстрани влагата од кожата и да ја влоши егземата.

Обидете се да ги ограничите вашите бањи на еднаш на ден или еднаш во два дена, доколку тоа е можно. Избегнувајте тушеви на пареа и ограничете го времето на капење на 15 – 20 минути. Користете чиста, сува крпа за нежно бришење на вашето тело. Користете хидратантни креми, без адитиви, засновани на кокосово масло, маслиново масло итн.

Бидете свесни дека, иако овие масла имаат подобра толеранција кај луѓето со егзема, сите се различни и можеби ќе треба да експериментирате за да откриете што најдобро одговара за вас.

Природни лекови за третман на егзема

Кокосовото масло е одлично за лекување на егзема

Кокосовото масло е смирувачки природен домашен лек за спречување и лекување на егзема. Кокосовото масло и дава длабока хидратација на кожата, заштитувајќи ја од сушење.

Тој е ефикасен во природниот третман на егзема, бидејќи содржи антимикробни, антифугални, антибактериски и антиинфламаторни супстанции. Истражувањата за лековитите својства на кокосовото масло за егзема покажуваат дека неговите антибактериски активности се ефикасни против бактериите на Staphylococcus Аureus.

Всушност, истражувањата покажуваат дека кокосовото масло делува и како омекнувач за навлажнување на сувата кожа и уби-вање на бактериите кои предизвикуваат инфекции на кожата.

кокосово масло

Кокосовото масло е исто така доволно нежно за да помогне во лекување на блага до умерена егзема кај бебиња. Многу заболени од егзема тврдат дека органското нерафинирано кокосово масло им помага да ги одржуваат симптомите на егзема под контрола и им дава подобри резултати од многу поскапите производи.

За да користите кокосово масло за да се опоравите од кожата оште-тена од егзема, сè што треба да направите е да нанесете кокосово масло директно на погодената област неколку пати на ден и пред спиење. Нанесувајте кокосово масло секојдневно додека да исчезнат целосно црвеникавите дамки на кожата.

Јаболковиот оцет помага при лекување на симптомите на егзема

Суровиот непреработен јаболков оцет може да го намали воспалението и да го олесни чешањето предизвикано од егзема. Основата на јаболков оцет е оцетна киселина, која може да помогне при бактериски инфекции на кожата и да го намали чешањето.

Кожата погодена од атопичен егзема (дерматитис) обично има повисоко ниво на pH од здравата кожа и ова е една од причините за појава на чешање и воспаление. Содржината на оцетна киселина во јаболковиот оцет помага да се намали pH вредноста на кожата.

Јаболковиот оцет ја лекува оште-тената и воспалена кожа

Постојат неколку начини да се користи јаболков оцет за природно ублажување на симптомите на егзема. Користете го производот со мешање на еднакви количини на јаболков оцет и вода. Користете памук или шише со спреј и нанесете го лекот директно во областа на кожата погодена од егзема.

Повторете го третманот со јаболков оцет двапати на ден – еднаш наутро и еднаш навачер, пред спиење за да го забрзате процесот на заздравување на чешање на воспалената кожа. Ако имате чувствителна кожа, разредете го јаболковиот оцет со повеќе вода во сооднос 2:1.

Друг природен третман за егзема е додавање на 2 чаши јаболкова киселина во топла вода за капење. Капете се во оваа бања најмалку 30 минути. Повторете го овој третман најмалку трипати неделно за да ја смирите иритираната кожа. Киселата содржина на јаболков оцет ќе помогне во олеснување на чешањето на целото тело.

Третиот метод е да земете 1-2 лажици јаболков оцет и да го измешате во чаша вода, можете да додадете мед за подобар вкус. Пијте еднаш до двапати на ден. Исто така, ќе уживате во многу други здравствени придобивки од оваа мешавина.

Камилицата е природен лек за егзема

Камилицата е еден од најстарите лекови во народната медицина. Основната состојка на камилицата е есенцијално масло од азулен. Камилицата содржи смирувачки својства за секаков вид на воспалена кожа и е одличен терапевтски агенс за побрзо отстранување на симптомите на егземата.

Камилицата е одличен природен лек за егзема, бидејќи содржи антиинфламаторни и антибактериски соединенија кои ги ублажуваат заразените црвени дамки на кожата. Истражувањето за лековитите ефекти на камилицата врз егзема покажа дека екстрактите од оваа билка можат да помогнат во намалување на воспалението на кожата.

Интересно, екстрактите од камилица покажуваат сличен ефект против егзема како мастите со хидрокортизон и другите антиинфламаторни фармацевтски масти. Постојат многу начини на употреба на камилица за ублажување на сите видови на егзема, вклучувајќи атопичен дерматитис, мали изгореници и изгореници.

Можете лесно да направите чаша смирувачки чај од камилица и да користите вреќа чај од камилица за да го ослободите јадежот на кожата. Пиењето освежителен чај ќе ви помогне да се опуштите и ќе помогне при иритација на кожата.

Можете да направите антиинфламаторна мешавина од камилица за ублажување на чешање на кожата и отстранување на бактериски инфекции на испу-кана, сува кожа. Додадете 2-3 капки камилица на лажица масло од кокос и нежно масирајте ја црвената кожа.

Алое вера како народен лек за проблеми со кожата

Алое вера е една од најпопуларните растенија денес поради своите лековити својства. Низ историјата, првенствено се користела за надворешна употреба за повреди на кожата, а денес е народен лек за многу болести.

Алое верата содржи кристален гел кој се користи во третман на проблеми со кожата, бидејќи брзо ја подобрува состојбата на кожата. Главната вредност е неговиот антивирусен, антибактериски, антиоксиданс, антиинфламаторно и антиалергиско дејство врз здравјето на луѓето.

Алое верата е одличен природен лек кој помага во ублажување на болните симптоми на егзема и закрепнување на оште-тената кожа. Познат е по своите лековити својства кои помагаат во лекување на воспалената кожа и постојаното чешање на кожата, бидејќи содржи антиинфламаторни својства и витамини кои ја хранат и штитат кожата.

Антибактериските активности на алое вера исто така помагаат во намалување или целосно елиминирање на бактериските инфекции на кожата. Студиите покажаа дека чешањето, воспалителна состојба на кожата, значително се подобрува кога алое вера се нанесува директно на погодената област.

Антивоспалителното дејство на алое вера може да помогне во успешно лекување на долготрајноста на егземата. Алое вера го забрзува процесот на заздравување на егземата, ја зголемува циркулацијата на кр-вта во погодената област и спречува с мрт на клетките.

За брзо олеснување на чешањето и оштетената кожа предизвикана од егзема, истовремено да ја негувате оштетената кожа, нанесете чист гел од алое вера на погодената област. Нежно масирајте со гелот два до трипати на ден, секој ден се додека да се излечи осипот од егзема што предизвикува чешање.

Сода бикарбона како евтин лек за атопичен дерматитис

Сода бикарбона (натриум бикарбонат) е едноставен и евтин лек за атопичен дерматитис. Сода бикарбоната содржи антиинфламаторни својства кои можат да помогнат во ублажување на кожните состојби.

Се препорачува да се капете во сода бикарбона како ефикасен домашен лек за лекување на егзема. Ова е одличен начин да се намали непријатноста предизвикана од егзема ако имате големи лишаи по целото тело. По капењето, не заборавајте да нанесете лесен навлажнувачки крем на погодената област.

Можете да користите сода бикарбона во форма на паста ако имате мали дамки на егзема на рацете, лицето или нозете. За да направите природна паста за егзема, земете една или две лажици сода бикарбона и додајте доволно вода за да формирате густа паста.

Нанесете го лекот на погодената област за брзо отстранување на јадежот. Оставете да делува неколку минути, а потоа исплакнете со топла вода и нанесете хидратантен крем.

Медот како природен лек за егзема

Медот е природно антибактериско и антиинфламаторно средство кое се користи со векови за лекување и заздравување на ра-ните. Медот помага и во зајакнување на функцијата на имуниот систем, што значи дека може да му помогне на организмот во бор-бата против инфекциите.

Медот е корисен за лекување на разни кожни болести, вклучувајќи изгореници и рани, и има силно антибактериско дејство. Можете да нанесете мед директно на погодената област од егзема, а тоа ќе помогне да се спречат инфекциите, истовремено навлажнувајќи ја кожата и забрзувајќи го заздравувањето. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.

Претходна статијаГо намалува и најголемиот стомак, го регенерира телото и дава енергија, се пие 2 седмици
Следна статијаЛек со моркови кој нема да ве чини ни пет пари, а ги лекува сите болести со дебелото црево