Не пропуштајте и пригответе го вкусниот џем кој одлично одговара за палачинки, колачи, торти и да се мачка на лепче. Секој има некој свој рецепт добиен од својата мајка, тетка баба…Секој си има некој свој начин на приготвување.
Постојат старински рецепти за долго готвење на кајсиите, а постојат и понови и побрзи, во кои печењето трае пократко и се користи желатин. Секако, вкусот се разликува и не е идентичен со оној на старинските. Ќе ви откриеме повеќе рецепти како да го приготвите овој вкусен џем, а вие одберете кој најмногу ви одговара.
Првиот рецепт на Злата Периќ е многу едноставен, а можете да го печете и во рерна доколку така сакате. Нема потреба од мелење и лупење на кајсиите, туку доволно е да ги измиете, да ги исчистите од семки, а на половина од печењето да ги изблендирате со рачен блендер (оној за правење мајонез). Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг кајсии исчистени од семки и ппреполовени, 1,2 кг шеќер (може и помалку, по вкус), сок од 3 лимони (за да ја задржи убавата боја, но кој сака не мора). Совет: кога џемот го готвите во пошироко тенџере и во помала количина, секогаш излегува со убава светла боја. Доколку го готвите во длабоко тенџере и во поголема количина, тогаш има шанса да потемни џемот.
ПОСТАПКА: Во големо широко тенџере редете ред кајсии ред шеќер. Додајте сок од лимон и ставете да готви на средно умерена температура. После 1 час готвење џемот измиксајте го со рачен миксер додека да добиете убаво мазно овошно пире, па догответе до до посакуваната густина.
Јас го готвев вкупно два часа. Долѓжината на готвење зависи од густината која ја сакате: поредок за мачкање на лепче, а погуст за лепење на колачи или полнење на кифли, на пример, за да не истекува.
Врелиот џем се складира во топли стерилизирани тегли кои веднаш се затвораат со капак, а теглата се превртува наопаку, да лежи на капакот, околу 15 минути. Потоа се враќа во првобитна положба, се покрива и се остава до следниот ден да се олади. Ако го печете во рерна, применете го рецептот на Гордана Цуцуревиќ:
Кајсиите преполовете ги и ставете ги во широко тенџере (она во кое правите ајвар), па покријте го со алуминиумска фолија и печете ги на 250 степени. Кога ќе го испуштат сокот повременопромешувајте ги додека да омекнат.
Потоа тргнете ја фолијата, а ако многу врие тогаш намалете ја температурата и додајте го шеќерот, па промешајте. повремено промешувајте и внимавајте да не се изгopите. Кога ќе се згусне за приближно 2-3 часа извадете од рерна, па со рачен блендер измиксајте ги.
Ставете го тенџерето на рингла на единица температура за да се одржува додека теглите се стерилизираат во рерна. Врело се собира во врели тегли кои веднаш се затвораат. На овој начин нема потреба од констатно мешање, туку само повремено. Следните два рецепти се од оние старинските во кои можете да ја менувате количината на шеќерот, по вкус.
РЕЦЕПТ 2: Потребни состојки: 1 кг шеќер и 600 г исчистени кајсии. Постапка: Кајсиите измијте ги, исчистете ги од семките или од било какви „точки“ или ош.тетувања на нив. Потоа преполовете ги и потопете ги со шеќерот. Оставете ги вака да преноќат, па следниот ден ставете ги на оган да се сварат,
Јас ги варам на силен оган со непрекинато мешање. Според мене џемот е готов оној момент кога ќе повлечам со лажицата по дното на тенџерето, а зад неа ќе остане бела трага, односно ќе се види дното.
Целта на варењето со силен оган е побрзо да се свари џемот и да се сочува убава светла боја. Кога ќе го тргнам тенџерето од оган, мешам уште 20 минути со лажицата за да не се промени бојата.
Потоа додека сè уште е топло ги полнам теглите, ги враќам во рерна и ги потпекувам малку, колку да се фати коричка. Теглите ги редам во соодветна вангличка, ги покривам со ќебе и ги оставам така затоплени додека џемот целосно да се олади и потоа ги редам во шпајз.
Главно готвам во широко тенџере од 10 кг, со тоа што ставам 2,5 кг кајсии и соодветната количина шеќер. оваа количина ја варам приближно 45 минути до еден час – Хелга.
РЕЦЕПТ 3: Потребни состојки: 5 кг зрели кајсии, 1,5 кг шеќер (или на 1 кг кајсии се става по 200-300 г шеќер во зависност од блажината на кајсиите), 1 кесичка конзерванс (може и без)
Постапка: кајсиите убаво се мијат и се чистат од семките. Измешајте ги со шеќерот и добро изг.мечете ги со раце. Ставете ги да се варат со повремено мешање на тивок оган. Џемот се вари 2-3 часа.
Готов е кога ќе повлечете со лажицата и ќе го видите дното на садот. На крајот додајте конзерванс и варете уште неколку минути. Оние што не користат конзерванс нека не го ставаат (без конзерванс се прави стерилизација во рерна).
Варениот џем складирајте го во топли тегли, затворајте ги и веднаш вртете ги наопаку 2-3 минути за да се создаде вакуум. Теглите редете ги во гајба, покријте ги во ќебе и оставете ги до следниот ден додека целосно да изладат.
Прочитајте го и следниот рецепт на Александра Шуманова: како најбрзо и најлесно да приготвите посен и сочен колач со џем од кајсии и ореви.