Home Рецепти Една од највкусните старински чоколадни торти – РЕФОРМ ТОРТА

Една од највкусните старински чоколадни торти – РЕФОРМ ТОРТА

РЕФОРМ ТОРТА – толку едноставна подоготвка, а толку вкусна, за сладокусците на чоколадото. Фотографија и рецепт на Милена Ѓурѓевиќ, а видео прилог за вториот рецепт е на Александра од Моја Мала Кујна – Реформ торта, една од најубавите старински торти.

Според величината на тортата која сакате да ја направите, сразмерно ги зголемувате јајцата и останатите состојки. Тортата се прави во тркалезен калап, но најлесно за сечење и послужување е доколку се приготви со правоаголна форма а корите се печат во плех.

За плех со средна величина: Се прават 4 кори од 5 белки кои се матат со 5 лажици шеќер, па со лажица со додаваат и мешаат 8 лажици ореви. Секоја кора се пече на 180 степени околу 20 минути. Може да испечете и две кори од по 10 белки, па да ги пресечете на половина и да добиете четири.

За фил: 20 жолчки се матат со миксер заедно со 400 г шеќер и се варат на пареа додека да згуснат. Се трга од оган и се додава 300 г чоколадо и се меша убаво да се соедини. Кога ќе излади се соединува со 300 г пенасто изматен путер.

<

РЕЦЕПТ ОД ВИДЕО ПРИЛОГ СО 12 ЈАЈЦА на Александра од Мојата Мала Кујна “Торта Реформа”. Доколку ја следите постапката чекор по чекор, можете да ја приготвите оваа одлична старинска, а превкусна торта, па и доколку сте почетник во кујната. нема да погрешите.


Потребни состојки: 12 белки, 250 г шеќер, 300 г мелени ореви. За фил: 12 жолчки, 150 г шеќер, 150 г чоколадо за готвење, 200 г путер, арома рум или рум. За чоколадна глазура: 150 г чоколадо за готвење, 60 г путер и околу 100 г ореви за декорација.


Постапка: од јајцата кои претходно отстојале на собна температура одвојте ги белките и жолчките во посебни садови. Белките пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. матете со елетричен миксер додека шеќерот целосно да се растопи.


Додадете 300 г мелени ореви и лесно промешајте со лажица за да остане воздушесто. Смесата поделете ја на два еднакви делови (за да испечете две големи кори кои подоцна ќе ги пресечете и ќе добиете 4 кори). Смесата рамномерно распоредете ја во плех  со димензии35х30 см или приближна величина.


Плехот е потребно претходно да го обложите со хартија за печење. Израмнете ја убаво смесата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу15- 20 минути. Откако ќе се испече едната кора, извадете ја од рерната и плехот, па повторете ја постапката и со втората кора.


За тоа време пригответе го филот: пенасто изматете ги жолчките со шеќерот, најдобро на помала брзина и подолго, за да може шеќерот да се растопи. Потоа сварете ги на пареа околу 20 минути додека да добиете кремозна смеса. Додека е топол кремот додадете искршено чоколадо.

Мешајте ја смесата додека чоколадото целосно да се растопи и изедначи во кремот. Оставете го на страна целосно да се оллади, па потоа соединете го со омекнатиот путер на собна температура и заедно измиксајте ги за да се соединат. Филот додавајте го во путерот лажица по лажица.

Во овој крем по желба може да додадете и рум за вкус. Филот добро изматете го со миксерот за да се соединат сите состојки. Корите исечете ги на четири делови. Земете една кора и ставете ја на тацна за послужување. Добиениот фил поделете го исто така на четири делови.

Врз првата кора нанесете четвртина од филот, рамномерно распоредете и израмнете. На ист начин филувајте ги преостанатите кори редејќи една врз друга, а одозгора прелијте со чоколадна глазура или украсете по желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видео прилогот ОВДЕ.