Рецептот за приготвување на златното млеко речиси на сите веќе им е познат, но за оние кои не го знаат: На секои 100 г мед се става голема лажица куркума во прав. Добро се изматува со миксер и се складира во тегла. Од овој златен мед можете по малку да земате кога ве боли грло (да се растопува полека во уста), но од него вообичаено се приготвува златното млеко.

Златно млеко: Пригответе го топлиот напиток од 250 мл млеко, половина лажичка бадемово, кокосово или масло од семка од кајсија, 1 лажица златен мед. Во топлиот напиток додадете и прстофат црн пипер.

Фотографии и опис: Рената Трајчевска

“Сигурно имате слушнато за златно млеко. Ако се прашувате што е овој пијалак, неговите состојки се куркума, бибер и кокосово масло измешани со млеко. Тоа се користи како лек за речиси сè: Настинка, треска, проблеми со кожата… Иако златното млеко можете да го направите и со млеко од соја или бадем, оригиналниот рецепт од Индија е со обично млеко.

Кои се придобивките од златното млеко?
Очигледно е дека со толку здрави состојки златното млеко е навистина добро.

-Ја намалува болката и воспалението
Куркумата, биберот и здравите масти во кокосовото масло работат заедно против болката и воспалението.

-Помага во дигестијата и слабеењето
Куркумата ги намалува киселините, а кокосовото масло помага во тоа. Биберот помага во апсорбирањето на хранливите материи и ја спречува констипацијата.

-Одлично е за срцето
Сите состојки на златното млеко помагаат во здравјето на срцето. Го намалуваат холестеролот и крвниот притисок.

-Добро е за дијабетичари
Куркумата и кокосовото масло му помагаат на телото да го регулира нивото на инсулин.

-Ја подобрува работата на мозокот
Состојките се претвораат во храна за мозокот. Златното млеко помага во спречување на Алцхајмеровата болест, ја подобрува меморијата и ги намалува симптомите на депресија. Златното млеко исто така е добро против стрес бидејќи куркумата поттикнува среќни мисли.

-Го зајакнува имунитетот
Овој пијалак не само што ќе ви помогне да се борите против инфекциите, туку ќе ви го подобри и целиот имунолошки систем.

-Помага во слабеењето
Комбинацијата од овие состојки го забрзува метаболизмот, го намалува гладот и помага во согорувањето на мастите во телото.

-Го спречува ракот
Истражувањата сè уште траат, но досега покажале одлични резултати при спречувањето на ракот.

-Постојат ли несакани ефекти?
Додека куркумата е одличен зачин, сепак си има и лоши страни. Ако сте алергични на која било од состојките, не можете да го консумирате златното млеко. Исто така активна состојка од куркумата може да реагира со некои лекарства. Луѓето кои очекуваат операција, се бремени или пак дојат, најдобро е да се консултираат со лекар.

-Кој вид куркума е најдобар?
Зачинот кој ни е познат на сите се добива од коренот на растението куркума. Овој корен може да се измие и да се исцеди за да се добие совршениот екстракт за златно млеко. Сепак, кога свежиот корен не ви е достапен, слободно користете го зачинот.

-Кога е најдоброто време за консумирање?
Придобивките најмногу се чувствуваат навечер, околу еден час пред спиење. Ова ќе ја забрза дигестијата пред спиењето, ќе го намали стресот и ќе ви го подобри сонот.”