Народен лек кој убива бактерии и вируси, подобрува циркулација и смирува – рецепт за медовинка

Лековитоста на медовинката потекнува токму од медот и прополисот, од кои се приготвува овој одличен ликер.

Медовинката била многу високо ценета низ цела историја токму поради своето лековито дејство и била древниот пијалак на старите Словени и важи за едно од најстарите пијалаци.

За Словените медот бил основна намирница, најдобра храна и пијалак. Лековитоста на медовинката потекнува токму од медот и прополисот од кои се приготвува овој одличен ликер.

Loading...

Поволно влијае врз циркулацијата, против бактерии и вируси и го подобрува апетитот и варењето, па претставува идеален аперитив.

Во споредба со другите алкохолни пијалаци, медовинката делува зачудувачки и може да се каже, чудесно. Медовинката дава сила, радост и смирение без да ве зашемети. После консумирањето нема главоболки, слабост, мачнина. Напротив, медовинката испиена со мерка дава сила и здравје.

Многумина од незнаење ликер-ракијата од мед погрешно ја нарекуваат “медовина” што е всушност вино со додаток на мед, додека медовинка – е медена ракија или поправилно ликер од мед.

Многумина не знаат дека медовинката можат и сами да ја направат, многу лесно и едноставно, во домашни услови. Обично се користи домашна лозова ракија и најдобриот ароматичен мед од липа.

Потребни состојки:

500 г мед
800 мл лозова ракија 38-42%
100 мл дестилирана вода
100 мл суво бело вино
1 лимон – кора
1 прстофат коријандер

Постапка:

Медот се става во поголемо тенџере и со мешање се загрева на умерена температура колку да стане течен (не смее на повисока температура за да не се изгубат лековитите својства).

Се трга на страна. Ако медот е доволно течен, тогаш се додаваат лозовата, дестилираната вода, белото вино, рендана кора и издробен коријандер со постојано мешање. Вака приготвената смеса се складира во шишиња кои добро се затвораат. После 2 месеци смесата се филтрира, а ракијата се складира во чисти шишиња. Колку подолго стои, толку е подобра!

Loading...