Исчистете ја рерната за само неколку минути со овој феноменален трик, без да вдишувате разни хемикалии

Чистењето на рерната е сигурно една од најомразените и најтешките задачи во домаќинството. Нема таква домаќинка која ужива во чистењето на шпоретот, особено на рерната. Има и такви кои редовно после секое печење или било каква употреба на шпоретот го чистат истиот, но најчесто, чистењето започнува дури кога ринглите и рерната ќе доспеат во очајна состојба.

За среќа, постои еден успешен трик кој голем број жени го испробаа и многу се задоволни. Рерната може да се исчисти и без вдишување на тешки хемикалии, па макар таа била многу валкана и замастена. Понекогаш се случува да изгори јадењето, но најголемата штета, сепак се случува во внатрешноста од рерната. А за да биде штетата уште поголема, рерната ако не се исчисти веднаш, маснотиите се закоравуваат и тогаш ви се чини дека ништо не може да ги отстрани.

Сепак, рерната може да се врати и во првобитната состојба без да купувате скапи и отровни хемиски средства. Потребна ви е само најобична сода бикарбона, оцет и лимонтус.

ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ:

Loading...

За почеток, вклучете ја рерната на 250 степени. Во огноотпорен сад или друг соодветен сад ставете 5-6 лажици сода бикарббона, и долејте вода, приближно еден литар. Ставете го садот во рерна, затворете ја и оставете го внатре 30-40 минути. Исклучете ја рерната и оставете да се олади. Маснотиите од внатрешноста на рерната ќе омекнат.

Потоа испрскајте ја рерната и стаклото со 9% алкохолен оцет и оставете да делува уште 20-тина минути. Потоа пребришете ја рерната. Ако рерната не била многу во запуштена состојба, тогаш ова би требало да биде доволно за да светне како нова.

Меѓутоа, доколку сепак останале дамки од закоравена нечистотија и на стаклото од вратничката сè уште има видливи траги, тогаш преминете на следното ниво со кое дефинитивно ќе ја исчистите вашата рерна.

Еве што треба да направите: натопете го стаклото со вода и другите делови кои не успеале да се исчистат добро, па наросете сода бикарбона и лумонтус. Оставете да делува 10-тина минути. Скинете парче алуминиумска фолија и згужвајте го, односно направете топче, па со него изрибајте го стаклото.

Алуминиумската фолија е најдобриот чистач на сите стаклени површини, бидејќи не ги оштетува и не остава никакви гребаници. После тоа пребришете со влажна крпа. Готово е! За целата постапка ќе потрошите вкупно еден час, нема да вдишувате никакви штетни хемикалии, а вашата рерна ќе блеска како нова!

Loading...