Нема кој не ме праша за ова јадење – убедливо највкусни домати со вкусен прелив: брзо и деликатесно јадење. За негова подготовка ќе потрошите најмногу 15-20 минути, а ќе добиете одличен појадок, вечера или закуска. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 домати, 3 јајца, 1 лажичка сол или пов вкус, 1 китка свеж лист од магдонос, 1 лажица путер, 100-тина грама сечкана шунка (2 раце), 100-150 г рендан кашкавал (три раце) (моцарела или по вкус), прстофат оригано во прав

ПОСТАПКА: Доматите исечете ги на тркалца со дебелина од приближно 1.5 см. Јајцата скршете ги во подлабок сад и со малку сол изматете ги со виљушка. Додајте една рака ситно сечкан магдонос (само лист).

Во широка тава ставете една полна лажица путер да се растопи на умерена температура. Наредете ги тркалцата од домат и одозгора малку посолете ги. Оставете ги неколку минути да се запржат во путерот, а потоа внимателно превртете ги и од другата страна.

Одозгора рамномерно залијте ги со изматените јајца и магдонос. Шунката исечкјате ја на ситни коцкички, па и нив распоредете ги одозгора. Поклопете со капак и гответе на умерено ниска температура уште 5 минути.

Тргнете го капакот, па одозгора рамномерно распоредете го ренданиот кашкавал и зачинете со оригано во прав. Поклопете и гответе уште 5 минути под капак. Потоа можете да го префрлите врз даска и да го сечете како пица.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ОВА ГО ПРАВАМ СЕКОЈПАТ КОГА НЕМАМ ВРЕМЕ: Многу вкусно и економично, користам замо 3 состојки“ – ОВДЕ.

ОВА ГО ПРАВАМ СЕКОЈПАТ КОГА НЕМАМ ВРЕМЕ: Многу вкусно и економично, користам замо 3 состојки