ДОМАЌИНСКА ПИТА: Корите крцаат а богатиот фил чури и шири неодолив мирис… Најлесен рецепт, секој може да ја направи! Се прави тесто од вода и брашно, а фил можете и по ваш избор. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 350 мл вода, 1 лажичка сол и брашно по потреба. За фил: 400 г кисело млеко/цврст јогурт или младо сирење по избор, 50 г ситно сирење (биено), 3-4 лажици кисела павлака, 2-3 јајца , 1 лажичка сол или по вкус и 1 лажица брашно. За премачкување на корите: 100 г путер/маргарин + 30 мл масло

ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете вода и растворете ја солта, а потоа започнете постепено да додавате брашно. Кога ќе добиете комапктно тесто продолжете со рачно месење сè додека престане да се лепи за рака.

Бесквасните теста треба да се месат 6-8 минути за да добијат еластичност, но сепак да бидат средно меки и да не им се додава премногу брашно. Оставете го тестото покриено да одмори 20 минути.

На малку набрашнета површина поделете го на два дела и обликувајте топки. Развлечете ја првата кора и преку цела површина премачкјате ја со маснотија (растопен путер + масло).

Започнете со диплење како книга, исто како за лиснато тесто, прво од едната страна, па преклопете од другата страна, а секоја нова површина премачкувајте ја со маснотија.

Потоа, кога ќе добиете долг правоаголник повторете ја постапката како да диплите шаршав, додека да добиете квадрат. Здипленото тесто поставете го во чинија наросена со малку брашно, покријте го со кеса и оставете го во фрижидер да се стегне 20 минути.

Постапката повторете ја и со второто тесто. За фил измешајте ги сите состојки и додајте малку брашно за да ја впие влажноста. Филот може да биде по ваш избор. Плехот во кој ќе се пече питата намастете го со путер/маргарин.

На набрашнета површина развлечете го првото тесто во правоаголна кора и веднаш поставете ја на дното од плехот. Распоредете го приготвениот фил преку целата површина, а одозгора покријте со втората кора.

Сосем на краевите направете витки за да се спојат двете кори и да не истекува филот при печењето. Премачкјате ја питата одозгора со маснотија и ставете да се пече 25-30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Најдобриот рецепт за пита кој на сите им успева – се топи во уста…“ – ОВДЕ.

Најдобриот рецепт за пита кој на сите им успева – се топи во уста…