ГУЛАШ СО ГОВЕДСКО МЕСО: Единствениот вистински и оригинален рецепт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: масло за готвење, малку путер , 500 г говедско месо, 2-3 главици кромид, 1 морков, 3 чешниња лук, 1 лажичка мелена слатка пиперка, 1 лажичка мелена лута пиперка, сол и црн пипер по вкус, 1 литар вода, 2 коцки говедска супа, 1 конзерва пасирани домати, 3 големи компири, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка

ПОСТАПКА: Говедското месо исечкајте го на коцки, зачинете и извалајте ги во малку брашно, па пропржете го во комбинација од путер и масло, на умерена температура. Кромидот ситно се сечка и се додава во месото во тенџерето, па се пропржува заедно.

Се додава рендан морков и се динста заедно. Во друго тенџере зовријте вода и додајте изронети говедски коцки за супа. Оставете да се растворат. Оваа течност користете ја за постепено залевање на чорбата.

Лукот ситно исечкајте го, па додајте го во месото во тенџерето и зачинете по вкус со сува зеленчукова мешавина, сол, црн и црвен пипер. По желба можете да додадете димена црвена пиперка или чили/лута црвена пиперка.

Во месото додајте половина од водата/супата и пасираните домати (или доматен сос), па варете покриено околу 40 минути со повремено промешување. Остатокот од водата/супата додавајте ја постепено, по потреба.

Пиперките и компирите исечкајте ги на помали парчиња и додајте ги во тенџерето. Оставете да се готви уште 15-тина минути со повремено промешување. Кога компирот ќе омекне, измешајте 2 лажици брашно со малку вода и истурете во тенџерето.

Гответе уште 10-тина минути до посакуваната густина. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „„Откога го пробав овој гулаш, сите други рецепти паднаа во сенка“: Јунешкото месо се топи во уста, а сосот е – прсти да излижеш“ – ОВДЕ.

„Откога го пробав овој гулаш, сите други рецепти паднаа во сенка“: Јунешкото месо се топи во уста, а сосот е – прсти да излижеш

Претходна статијаГо барам овој рецепт веќе 5 години! Немам зборови да опишам колку ни се допадна овој сочен колач
Следна статијаТиквичките никогаш не сте пробале на овој начин! Ги правам неколку дена по ред, не можеме да престанеме да ги јадеме – ​​пробајте ги и вие!