Многу е убав, освежителен и полн со витамини

Потребни состојки:

5 кг неисчистени праски
1,5 кг шеќер
4 лимонтуси
12 литри вода

Постапка:

Праските излупете ги и одвојте ги од семки.

Изблендирајте ги во кашеста смеса со малку вода која се одзема од 12 литри вода.

Потоа измиксаните праски излејте ги во поголема шерпа, додадете лимонтус и вода (да биде вкупно 12 литри). Ставете на оган да се вари 15 минути од времето кога ќе зоврие.

Варениот сок веднаш складирајте го во загреани шишиња кои веднаш се затвораат и се завиткуваат во некоја ткаенина каде треба да останат до целосно изладување.

Вака приготвениот сок може да се чува во текот на целата зима.

Пред служење сокот добро разладете го.