Home Вести Теодора која се роди со само 800 грама конечно си замина дома...

Теодора која се роди со само 800 грама конечно си замина дома со родителите

Предвремено родени деца се новороденчиња кои се родени пред 37 гестациска недела. Најчесто за овие деца се мисли зако за новородени кои се со помала родилна тежина и каде целиот  проблем е во нивниот третман за  постигнување на поголема тежина.

Но, ова не е точно затоа што во основа станува збор за незрелоста на органите и нивните функции и пореметувањата кои се јавуваат поради истото.

Причините кои доведуваат до предвремено породување можат да бидат од страната на мајката и тоа: зголемена телесна тежина, употреба на одредени лекарства, пушење и консумирање на алкохол, висок крвен притисок, инфекции, пореметувања на плацентата, депресија, дијабетес, како и повеќеплодна бременост.

Доколку дојде до предвремено породување најдобро е истото да се одвива во установа која има можност за третирање на овие деца.

Еден ваков случај е забележан во клиниката Жан Митрев:

По еден месец  поминат на Одделот за интензивна нега и терапија, малата Теодора замина дома со нејзините родители.

Таа е предвреме родена, во 25-тата гестациска недела од бременоста и тогаш тежела само  800 грама. По два месеци поминати на Клиниката за Гинекологија и акушерство Теодора е префрлена на Одделот за интензивна нега во Zan Mitrev Clinic.

Тешка одвај еден килограм, во тешка состојба, со инфекција и на машина за дишење, Теодора го започна својот престој на Одделот.

Полека следуваше подобрување на состојбата, постепено почна да се се храни и да напредува и по еден месец здрава и тешка 1.700 грама заминува дома со нејзините родители.

Пред неа е долг пат на растење, ама овој мал борец успеа за три месеци да ја добие најтешката битка. И посакуваме среќно детство.