Пригответе ДОМАШЕН СОК ОД ЈАБОЛКА И МОРКОВИ: Без конзерванси и со малку шеќер, децата многу го сакаат…Најпознатиот бенефит од морковите е високата содржина на витамин А за кој е познато дека обезбедува добар вид.

Содржи пигмент лутеин која ги штити очите од макуларна дегенерација, глауком и катаракта. Покрај тоа, морковите се извор на антиоксиданти, растителни влакна и бета-каротин поради која морковот ја има специфичната боја.

Морковите се едни од ретките плодови на природата кои со готвење ги зголемува своите хранливи состојки

ИНТЕРЕСЕН ФАКТ: Од готвените моркови нашиот организам многу полесно ги апсорбира хранливите материи особено, каротеноидите за 14% повеќе отколку од сировиот морков, бета-каротинот и антиоксидантите.

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШЕН СОК ОД МОРКОВИ И ЈАБОЛКА:

2 кг јаболка
1.5 кг моркови
500 г шеќер
2 литри вода
сок од 1 лимон

ПОСТАПКА:

Излупете ги и исчистете ги јаболката и морковите, па исечкјате ги на парчиња и ставете ги во различни тенџериња. Во секое налијте по 1 литар вода и ставете на оган.

Се варат во посебни тенџериња затоа што им е потребно различно време за да омекнат. Штом омекнат извадете ги од шпорет и со рачен блендер изблендирајте ги додека да добиете кашест сок.

Помешајте ги во едно поголемо тенџере, додајте шеќер и 2 литри вода, како и сок од лимон, па вратете на оган и гответе уште половина час. Лимоновиот сок можете да го ставите и пред крајот.

За тоа време загрејте ги стаклените шишиња во рерна на 50 степени. Топлиот сок веднаш се полни во топли шишиња постепено, да не испукаат: прво во сите налијте по малку од топлиот сок, а потоа дополнете.

Добро затворете ги и чувајте ги на темно и ладно. Напомена: доколку сокот го сакате поредок, во тој случај додајте повеќе од 2 литри вода, и обратно, ако го сакате погуст, додајте помалку вода.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Ако сакате да прочитате уште еден рецепт за сок од моркови и јаболка: „Густ сок од јаболко и морков, здрав и без конзерванси, потсетува на соковите од Фруктал“ – ОВДЕ.