Домашен сируп против кашлица за деца: Го сузбива воспалението на белите дробови, течењето на носот, го јакне имунитетот!

Безбеден и здрав сируп против кашлица.

Повеќето лекови против кашлица содржат декстрометорфан или DXM. Се користи како активна состојка на многу лекови против кашлица, а повеќето луѓе не се ни свесни за опасностите по нивното здравје.

Всушност, оваа мешавина е особено опасна за децата, а родителите не се запознати дека 10% од децата ги немаат одговарачките ензими кои се неопходни за да се метаболира DXM, што доведува до опасни последици.

Лековите против кашлица никако не смеете да им ги давате на мали деца без дозвола на лекар и само според препорачото дозирање. Предозирањето со оваа состојка може да доведе акутни и хронични несакани ефекти, како оштетување на органите и прерана смрт.

Затоа, користете колку што е можно повеќе домашни сирупи, секако со надзор и консултација на вашиот лекар.

Овој домашен сируп е лесен за приготвување, а има голема ефикасност во сузбивање на воспалени бели дробови и течење од носот, а исто така, имунитетот значително го подобрува.

Потребни состојки:

1 кесичка зелен чај (или 1 лажичка во прав)
1/3 лажица мајчина душичка
½ лажица рендан корен од ѓумбир
½ лажица куркума
2 лажици домашен мед
½ лимон – сок

Постапка:

Во поголема шолја со врела вода ставете го зелениот чај, мајчината душичка, ѓумбирот и куркумата. Оставете да отстои неколку минути. Процедете, па кога ќе излади додадете мед и сок од лимон.

Се пие по малку, голтка по голтка, во време од половина час. Доволна е една шолја од овој чај секој ден, а резултатите се посилен имунитет и смирување на упорната кашлица.

Пред консумација посоветувајте со вашиот лекар.

Loading...