Ова е најсподелуваниот рецепт на Балканот. Македонскиот колач е толку добар што додека го печете целата куќа ви мириса прекрасно, а за вкусот нема потреба да се коментира – пробајте го и уверете се сами…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 шолји газирана вода, 5 шолји брашно, 3 шолји масло, 3 шолји пченичен гриз, 1 лажичка цимет, 100 г сечкано суво грозје, 100 г сечкани ореви и 1 прашок за печиво. ЗА СИРУП: 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 250 мл вода. За наросување: 50 г сечкани ореви, по желба. За мерка се користи шолја од 150 мл

ПОСТАПКА: Просејте 5 шолји брашно со еден прашок за печиво и една лажичка цимет. Додадете три шолји гриз, 100 г крупно сечкано суво грозје и 100 г крупно сечкани ореви. Сето убаво измешајте го во вангла.

Во средината од сувите состојки направете вдлабнатина па излејте 5 шолји газирана вода и три шолји масло. Сето убаво промешајте го за да се изедначи смесата.

Може да користите и миксер, а можете и едноставно со жица за матење. Рерната загрејте ја на 180 степени. Плехот со димензии 25х35 см обложете го со хартија за печење и излејте ја смесата.

Одозгора врз тестото можете да наросите и 50 г сечкани ореви. Печете 35-40 минути. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот, извадете го плехот и оставете го колачот да излади.

Во меѓувреме направете го сирупот: сварете 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода околу 3-4 минути и со врел сируп прелијте го изладениот колач. Колачот оставете го на собна температура додека да го впие целиот сируп.

Сечете на коцки, штангли, тријаголници… а може и директно да се јаде од плех… за нестрпливите. Можете да ставите и прелив со чоколадо и така колачот е уште повкусен

Во тој случај тестото не се наросува со сечкани ореви пред печењето. Глазура се прави од 100 г темно чоколадо, 50 г путер, 1 лажица кисела павлака, 1 лажица масло – сето добро се соединува на тивок оган и се прелива преку колачот.

Одлично се сече, чоколадото не се двои од кората без разлика што претходно била прлиена со сируп.