Најдобриот рецепт за пита кој на сите им успева – се топи во уста… Ако сакате нешто домашно што се прави брзо и лесно, изберете ја оваа пита која овојпат ја подготвивме со компири, а подеднакво е вкусна и со мелено месо или компири. Вие можете да филувате по ваш вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 400 мл вода, 1 лажичка сол, 2 лажици масло, брашно по потреба. За премачкување: 125 г путер, 30 мл масло. За полнење: 500 г компири, 1 главица кромид, сол, сув зеленчуков зачин, црн пипер во прав, 2 лажици масло

ПОСТАПКА: Измешајте вода, сол и масло. Додавајте брашно малку по малку додека да добиете меко компактно тесто. Покријте го и оставете го да одмори 20 минути. Компирите и кромидот исечкајте ги на ситни коцкички. Зачинете, прелијте со малку масло и измешајте.

Поделете го тестото на 2 еднакви дела. На набрашнета површина ставете едно парче тесто, посипете уште малку брашно и развлечете го во тенка кора. Растопете го путерот и помешајте гото со масло. Премачкајте ја кората.

Свиткајте по должина од едната страна, премачкајте, па премачкајте од другата страна. Потоа свиткајте по ширина од едната и другата страна и премачкајте. Треба да добиете квадрат (оставете да одмори додека го работите второто тесто). Повторно развлечете го и ставете го во плех за печење.

Распоредете го филот, па со втората половина од тестото повторете ја постапката како со првата и ставете го врз филот. Намачкајте ја питата со путер и масло, па исечете ја на триаголници и повторно премачкајте ја со преостанатиот прелив.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 250°C, 15-тина минути, а потоа намалете на 220°C и оставете да се допече уште 15 минути или додека фино да зарумени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Има ли нешто поубаво од МАКЕДОНСКИ ЗЕЛНИК: Кој пробал, побарал уште едно парче“ – ОВДЕ.

Има ли нешто поубаво од МАКЕДОНСКИ ЗЕЛНИК: Кој пробал, побарал уште едно парче