Доктор Брод Барнс осмислил домашен тест кој може да го направите сами, едноставен и брз, а со него ќе дознаете дали сѐ е во ред со функцијата на вашата тироидна жлезда.

Ако се сомневате дека нешто не е во ред со вашата штитна жлезда, не мора веднаш да правите анализа на хормоните. Тестирајте се сами во вашиот дом…

Штитната жлезда често се нарекува и термостат на телото бидејќи произведува хормони кои се потребни за одржување на телесната топлина. Тој процес се одвива со претворање на хормоните TSH (од хипофизата) во хормони Т4 и Т3.

Доколку постои проблем со штитната жлезда тогаш таа не е во можност да ја одржува адекватната телесна температура. Дали некогаш ви се случило да ги имате сите симптоми на хипотиреоза, а на тестирањето да покаже нормални вредности?

Според некои експерти самото тестирање на хормоните во крвта не е доволно за да може со сигурност да се утврди пореметувањето на штитната жлезда. Тоа значи дека иако наодот е уреден, не значи со сигурност дека вашата штитна жлезда функционира беспрекорно.

Причината за ова е всушност самиот тест: тој го покажува нивото на хормони кои се присутни во крвта, но не покажува дали и колку е активна штитната жлезда во нивното претворање.

Поради тоа, основниот метод за мерење на телесната температура може да придонесе за посигурни резултати во проверката на функционалноста на штитната жлезда.

Методот го осмислил д-р Брод, американски ендокринолог, автор на повеќе книги од областа на штитната жлезда.

Пред сè, потребен ви е топломер, но тоа да биде живин топломер а не дигитален. Навечер пред спиење подгответе го топломерот така што со тресење ќе ја доведете живата во скалата до најниско ниво или до 35 степени. Топломерот оставете го покрај креветот за да ви биде на дофат, за да можете да досегнете до него кога ќе се разбудите.

Штом ќе се разбудите, пред да станете или пред било која друга активност, вкучувајќи го и одењето во WC, треба да останете потполно мирни под прекривката и да ја измерите телесната температура под пазувите. Мерењето треба да е во времетраење од најмалку 5 минути. Погледнете ја температурата на живиниот столб и запишете ја.

Повторувајте ја оваа постапка континуирано најмалку три дена по ред. Истата постапка важи и за мажи и за жени. За време на циклусот жените не треба да го прават овој тест бидејќи нема да биде веродостоен. Важно е наутро да ја измерите температурата пред да станете од постела, а при мерењето да бидете во мирување, за да не го активирате и забрзате метаболизмот а со тоа да ја зголемите температурата пред да се измери.

„Нормалната“ телесна температура измерена во сите три денови после будењето би требало да изнесува помеѓу 36,6 и 36,8 степени Целзиусови.

Според тестот кој го развил д-р Барнс, просечната температура при мерење на три или повеќе денови која е под 36,6 а посебно под 36,4 претставува силен индикатор за проблем со недоволна работа на штитната жлезда, односно со хипотиреоза.

Кај температура која просечно покажува вредност над 36,8 треба да се биде внимателен бидејќи може да биде предизвикана од некои воспалителни процеси во телото. Доколку температурата која е над 36,8 и се повторува, а нема други видни причини во телото за тоа, ова може да биде силен индикатор за зголемено функционирање на тироидата, односно хипертиреоза.

Сепак, самиот тест не може да биде единствен индикатор за проблеми со штитната жлезда. Потребно е да се преиспитате дали постојат и други симптоми кои во комбинација со овој тест можат доста веродостојно да укажат за проблем со тироидата.

Според тврдењата на д-р Барнс на овој начин можете без инвазивни методи од крвни наоди, сами и едноставно да ја контролирате состојбата и работењето на штитната жлезда. Освен тоа, методот е посебно корисен за лица кои веќе имаат или имале дијагностицирани проблеми со тироидата или можеби користат терапија. На овој начин би биле во можност да одредат во каква моментална состојба им се наоѓа штитната жлезда.

Тестот се изведува барем три утра по ред или подолго, а на крајот се изведува просечна температура за мерење (соберете ги сите резулатати и поделете ја сумата со бројот денови).

Важно е да се спомене дека постојат и некои други дополнителни фактори кои можат да влијаат врз промената на телесната температура како што се: Консумирање алкохол ноќта пред мерење, силен стрес доживеан претходно и користење на хормонална контрацепција или скорешен престанок на нивно користење. Некои од симптомите за пореметување на штитната жлезда кои треба да ги согледате заедно со тестот, се:

ХИПОТИРЕОЗА (намалена функција на тироидата):

-Умор, депресија, чувствителност на студенило, добивање килажа, сува кожа, намалено чувство за вкус и мирис, успорена работа на срцето, опстипација, слабо памтење, отежната концентрација, нередовна менструација, неплодност, зголемен холестерол, гушавост.

ХИПЕРТИРЕОЗА (зголемена функција на тироидата):

-Нервоза и иритибилност, слабеење, забрзана работа на срцето и прескокнување, бранови жештина, промени во апетитот, скратена менструација, гушавост.

Погледнете го видеото: