Желудочната киселина е дигестивна течност која се формира во желудникот и содржи хлороводородна киселина (HCL), која е важна за добро здравје на желудникот, дигестивниот тракт и целиот организам и игра клучна улога во варењето на храната.

Стомакот е единствениот орган каде секогаш треба да има силно кисело опкружување. Пожелно е киселоста да биде помеѓу pH 2 и 3. На скалата на pH, бројот 7 претставува неутрална состојба, сè што е над него има зголемена алкалност до број 14 (најалкална супстанција), а под бројот 7 сè е кисело. И колку е помал бројот (во овој случај 2 и 3) – толку е поголема киселоста и обратно.

Покрај тоа што помага во разградување на протеините, киселината во желудникот помага и при уни-штување на микробите и патогените бактерии. Практично, ги „пржи“ повеќето патогени микроорганизми во стомакот и со тоа го штити дигестивниот тракт од несакани „гости“.

Желудочната киселина штити и од габи како што е кандидата, помага во апсорпција на хранливи материи како што се протеини и витамин Б12, калциум, магнезиум, цинк, селен, бакар и железо, влијае на здравјето на нашата кожа и штити од појава на СИБО синдром.

Обичната вода помага во изградба на желудочната киселина, но исто така и во изградба на стомачните бариери, па затоа се препорачува да се пие чаша вода половина час пред оброк за да се создаде овој слој во стомакот.

Ако рамнотежата во желудникот е нарушена поради различни фактори или поради стареење на организмот и не се произведува доволно киселина во желудникот или пак, киселината ја оштетува слузокожата на желудникот, во тој случај се појавуваат разни здравствени проблеми, пред сè проблеми со гастроинтестиналниот тракт.

Некои од проблемите можат да бидат подуеност, гастритис, но исто така и проблеми со кожата, како што се акни и розацеа. Кога телото произведува повеќе желудочна киселина отколку што е потребно, тоа може да доведе до лесни, но и посериозни здравствени проблеми.

Постојат многу фактори кои влијаат на зголемување на киселината во желудникот и најчести се: масна и зачинета храна, предолг временски интервал помеѓу два оброка, ал-кохол, млеко, пијалаци со кофеин, цигари и бактериски инфекции.

Вообичаените симптоми на вишок желудочна киселина се благи во повеќето случаи, но можат да бидат и крајно непријатни. Најчести симптоми се подуеност и подждригнување.

Покрај вишокот, недостаток на желудочна киселина се јавува многу почесто. И верувале или не, во повеќето случаи, кога чувствувате непријатност поврзана со стомакот, тоа има повеќе врска со недостаток на желудочна киселина отколку со вишок.

Хипохлоридија е медицински термин кој се однесува на појава на ниски нивоа на желудочна киселина во стомакот. Исто така, може да има целосно отсуство или присуство на многу мала количина на хлороводородна киселина во желудникот и овој феномен се нарекува ахлорхидрија.

Овој феномен е поврзан со здравствени проблеми како што се хроничен гастритис, рак на желудник, пернициозна анемија и ал-кохо-лизам. Специфични симптоми за недостаток на желудочна киселина: појава на кандида и бактериски раст во цревата, проблеми со варењето на храната, недостаток на апетит, ситост по мала количина на храна, бо-лка и пецкање во стомакот.

Сè повеќе луѓе имаат проблем со дефицит на киселина, а не со вишок. Овој недостаток е поврзан со современиот начин на живот, лошиот начин на живот, лошите навики на живот, лошата исхрана и ст-рес.

Стареење – повеќе од 50% од мажите и жените постари од 60 години имаат проблеми со атрофичен гастритис, односно исклучително малку или воопшто не се лачи киселина во нивниот стомак. И кај луѓе постари од 80 години, оваа состојба е сосем нормална и честа.

Бременост и хормонални промени – за време на бременоста, како и со одредени хормонални промени и нарушувања, може да има промена во производството на киселина во желудникот, како и недостаток на истата.

Во повеќето случаи, минималната промена во животните навики може да доведе до големи здравствени промени на подобро. Научете како да се справите со стре-сот и како да управувате со него. Ако сте постојано на работа во стре-сна средина, заштитете се од тоа и обидете се да создадете своја оаза на мирот.

Обидете се да спиете доволно минимум од 7 до 8 часа во текот на ноќта. Почнете да се занимавате со некоја физичка активност, најдете нешто што ви се допаѓа и вежбајте најмалку 30 минути секој ден.

Ако вашите обврски не го дозволуваат тоа, обидете се да спортувате барем трипати неделно и да пешачите што е можно повеќе. Важно е да се смени исхраната, бидејќи тоа е една од најголемите причини зошто има недостаток или вишок на киселина во желудникот.

За почетниците, не држете се до никакви ограничувачки диети што ги елими-нираат хранливите материи и го ограничуваат внесувањето калории. Отфрлете ја преработената, премногу масна и зачинета храна. Збогатете ја вашата исхрана со варен и суров зеленчук и друга здрава храна. Одличен избор се пробиотската храна како јогурт или кефир.

Обидете се редовно да јадете помали оброци во текот на денот. Избегнувајте прејадување и тешки оброци и не јадете најмалку три часа пред спиење.

Пијте многу вода во текот на денот, но обратете внимание на тоа кога пиете вода. За време на оброк не е препорачливо да пиете големи количини вода или друга течност, бидејќи ризикувате разредување на киселината во стомакот и со тоа да го забавите и отежните варењето на храната.

Јаболков оцет – за зголемување на киселоста

Пред секој оброк, консумирајте 1 до 2 лажички јаболков оцет разреден со малку вода. Многу е важно оцетот да е од органско потекло, суров и ферментиран. Јаболковиот оцет има многу ниска pH вредност, затоа ги имитира самите гастрични сокови.

Ѓумбир

Чајот од ѓумбир е одличен за смирување на желудникот. Лесно се подготвува: ситно исечкајте прстен од свеж корен ѓумбир, полијте со вода и варете две минути по зовривањето на водата.

Горчливите билки како што се пелин, жалфија, ајдучка трева – го подобруваат производството на квалитетна желудочна киселина. Подготовката (освен ако на амбалажата не е наведено поинаку) е едноставна:

Прелијте една лажичка сува билка со 200 мл врела вода, оставете да отстои пет до десет минути, процедете и испијте еден час пред оброкот. Во чајот не додавајте мед, шеќер или некој друг засладувач.

Кафе со сода бикарбона – за вишок киселини во желудникот 

Доколку кафето ви предизвикува тегоби во стомакот, а не можете да го надминете утрото без да испиете една шолја кафе, оваа жена има ефикасен рецепт кој сведочи дека делува.

Можеби сте запознаени со тоа дека сода бикарбоната ја елими-нира вишокот киселост во желудникот и намалување на стомачните тегови, но веројатно никогаш не сте помислиле да додадете сода бикарбона во утринското кафе.

Сите кои пробале тврдат дека навистина делува, а после првиот обид повеќе никогаш не почувствувале киселина во желудникот. Исто така, оваа комбинација не го менува вкусот на кафето, така што ништо нема да ве чини да пробате и да се уверите во придобивките.

Најчесто киселината во желудникот по консумирање кафе е честа кај оние кои пијат по неколку шолји кафе на ден. Прекумерната количина на кафе може да го иритира вашиот желудник и со тоа да ви направи киселини и тегоби.

Едноставно сварете го кафето на вообичаен начин, а во него додајте половина лажичка сода бикарбона и промешајте. Јас ставив малку повеќе сода бикарбона во кафето бидејќи пијам кафе во чаша од 350 мл.

Доколку пиете од вообичаена шолја за кафе, додајте половина лажичка сода бикарбона, а доколку пиете во уште помала количина, тогаш додајте нешто повеќе од прстофат.

Коментар на Снежана – „Инстинктивно чувствувам дека оваа комбинација е добра и против главоболки.“ Коментар на Ивица – „Никогаш не сум пробал кафе со сода бикарбона, уште денес ќе пробам, фала и голем поздрав.“

Никако не мешајте турско кафе со млеко. Потребно е да знаете дека сода бикарбоната може да има и некои нуспојави доколку се консумира во преголеми количини како намалена апсорпција на калциум, зголемени гасови и зголемена дефекација. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска