Само оној кој имал или има проблеми со хемороиди знае колку се тие непријатни и колку би значело доколку се пронајде некој ефикасен лек кој ќе делува брзо и ефикасно. Хемороидите навистина знаат да го влошат квалитетот на живеење и ја загро-зат здравствената состојба доколку не се лекуваат навремено.

И досега објавувавме рецепти за природно лекување на хемороидите и сите тие имаат едно заедничко, а тоа е упорност, редовност и хигиена, како внатрешна така и надворешна.

Неодамна, еден читател ни покажа билка која нему многу му помогнала да ги реши проблемите со хемороидите. Тој билката ја познавал само по изглед, но не знаел како се вика. Ни испрати неколку фотографии и по кратко истражување дознавме дека станува збор за самониката билка позната како „Пиперниче“, инаку позната по своите бројни лековити особини.

Тој претходно користел разни креми и масти за лекување, но резултатите биле слаби или никакви. Еден ден негов познаник му покажал една самоника билка – плевел, која расте речиси во секоја градина и му кажал дека таа трева е одличен лек за неговата болест.

Ја набрал тревата и направил чај, па веќе следниот ден забележал дека состојбата значително му се подобрила. За неколку дена од хемороидите останале само „грди спомени“. Ако се земе во предвид колку оваа состојба е непријатна и досадна, ваквото нивно брзо повлекување може да се смета дури и за чу-до.

Бидејќи своето позитивно искуство сакал да го сподели и со други луѓе кои имаат ваков или случен проблем, тој не го знаел вистинскиот назив на оваа трева, но затоа направил неколку фотографии од истата за да видиме за која билка станува збор.

Начин на приготвување:

Нашиот читател вели дека не користел некои одредени мери, туку дека берел по една полна рака од тревата (може и свежа и сушена), па ја преливал со зовриена вода (околу еден литар или повеќе). После 10-15-тина минути ја процедувал. Напоменува дека чајот има малку лош мирис кога се пие, но затоа пак, резултатите се фантастични.

Оваа билка му ја препорачал и на својот сосед. Тој имал некој вид опера-ција на дебелото црево и имал силни б олки.

„Отидов да го посетам и видов дека страшно го боли, бидејќи плачеше пред мене. Го прашав дали би го пробал чајот од оваа трева. Ми рече дека би пробал и го*на од сеп-тичка јама само да престане б олката. Отидов дома и му донесов од тревата, за да си прави чај.

Следниот ден повторно го посетив, а тој ми рече дека после чајот заспал како мало бебе. Тоа била прва ноќ после долго време, да не чувствувал болки. Верувајте ми, оваа трева е чу-до, бидејќи покрај хемороиди, благотворно делува и на сите проблеми со дебелото црево.“

Се надеваме дека некому му помогнавме, погледнете ги добро фотографиите за да видите за која билка станува збор. Растението е познато кај народот како „пиперче“, „пиперниче“, бидејќи цветот е многу сличен со оној на пиперката само што е многу поситен, и најмногу расте токму во бавчата помеѓу пиперките.

Неговото латинско име е Galinsoga parviflora. Нашата редовна читателка и билкарка Јадранка Заовска го потврди ефикасното дејство на оваа билка со чија помош успешно ги излекувале хемороидите на нејзин близок. Ако сте ја пробале, пишете ни во коментар за ефектите и резултатите.

Употреба на билката: јадливи се младите листови и стебленцата, а чајот од коренот се користи како антипиретичко тераписко средство. Се берат пред да се појават цвеќенцата и се приготвуваат со готвење. Може да се берат и во текот на цветањето, но тогаш цветовите и пупките се фрлаат, бидејќи имаат непријатен вкус. Во Јужна Америка листовите се сушат и се користат како зачин во разни јадења.

Традиционално се користи во препарати кои се користат за лекување на ра-ни, во третмани кај проблеми со коагулација на кр-вта, настинка, грип, забоболка и дерматолошки и очни проблеми. Лековитите својства на оваа билка се должат на присуството на разновидни секундарни метаболити.

Во 100 г билка се содржат: 3.2 г протеини, 1.1 г влакна (слично на спанаќот кој содржи 2.9 протеин и 2.6 влакна), потоа содржи висока количина на калциум: 285 мг на 100 г билка (магдоносот содржи 140 мг), потоа содржи витамин А, магнезиум, калиум, цинк, Б1, Б2, Б3 и витамин Ц.

Меѓу другото оваа билка се користи и како АКЕ инхибитор (ангиотензин конвертирачки ензим), односно за лекување на хипертензија и кардиоваскуларни болести, како и за подобрување на протокот на кр-вта. Свежите листови и сокот исцеден од нив се користи за разни у боди и други кожни проблеми.