Промените на усните, непцата и забите може да укажуваат на сериозни заболувања. Стоматологот објаснува што гледа и што значат тие примени за вашето здравје.

Стоматологот Рена Вадиа од Лондон (на фотографијата) ги открива знаците на болестите кои никако не смеете да ги игнорирате. Редовните прегледи може многу да кажат за вашето здравје, повеќе отколку што вие си мислите – нагласува таа.

1.ЦРВЕНИЛО ОКОЛУ УСТАТА

Ако имате црвенило околу устата кое не поминува, можно е да ви недостига железо и витамин Б. “Црвенилото или разни воспаленија околу устата кои чешаат и печат, може да укажуваат на разни болести, а најчесто ги погодуваат постарите лица”. Хроничен дефицит на железо се гледа на јазикот – црвен е и сјаен.

2.КРВАВЕЊЕ ОД НЕПЦЕ

Крвавењето од непцата не е нормална појава туку аларм со кој телото ни говори дека нешто не е како што треба. Устата е поврзана со остатокот од телото и постојат сè повеќе докази дека крвавењето на непцата се јавува кај дефицит на витамин Ц, исто така и кај дијабетес, болести на срцето и бубрезите.

3.ОТЕЧЕНО ЗАБНО МЕСО

Третиот симптом кој не смеете да го игнорирате се големо отечено непце. Лековите кои се земаат за крвен притисок, епилепсија или после трансплантација, може да доведат до отоци на непцата. Најчесто решение е промена на терапијата. Важно е веднаш да се појде на лекар и да се направи потребната консултација.

4.ПИГМЕНТАЦИЈА НА ЗАБНОТО МЕСО

иако бојата на забното место е поинаква кај различни луѓе, д-р Вадиа објаснува дека постојат состојби во која бојата е клучен знак дека нешто не е како што треба.

“Раните знаци се темно-модри или темно-кафеави пеги кои се јавуваат на внатрешноста од усните, ножните прсти и на рацете.

5.РАМНИ ЗАБИ

Ако забите ви се “излижани” и рамни, можно е да ги “трошите” во текот на ноќта – еден од знаците за стрес и анксиозност. Повеќето луѓе кои “шкрипат” со забите на тој начин ги трошат и не се свесни дека тоа го прават. Најчесто тоа се случува во текот на спиењето поради стрес. Ако сте свесни дека го имате овој проблем, купете пластичен штитник за заби и носете го во текот на ноќта.

6.ПРОSИРНИ И СЈАЈНИ ЗАБИ

Киселините ја уништуваат забната глеѓ и забите стануваат ровки и жолти. Киселината може да доаѓа од храната, но и од желудникот поради желудочен рефлукс.

7.ЧИРЕВИ ВО УСТАТА

Чест проблем кај луѓето се чиреви во устата. Главно тие се јавуваат како последица од стрес и анксиозност. Д-р Вадиа тврди дека секако мора да се прегледаат, бидејќи понекогаш може да бидат последица од разни инфекции, недостиг на витамин Б12 и железо, Кронова болест и целијакија.

8.ЛОШ ЗДИВ

Погодува многу луѓе, а освен за лоша хигиена, може да биде показател и за многу орални болести. Најчесто тоа се болести на забното непце и јазикот. “Понекогаш може да биде знак за некои други болести како дијабетес, болест на бубрезите, астма и цироза на црн дроб.”

9.СУВА УСТА

Последната работа на која треба да се обрати внимание се сувата уста која е најчесто последица на дехидратација. “Постојат многу совети за тоа дека треба да се пие доста вода, но два литри се добар почеток. Понекогаш сувата уста се јавува при употреба на некои лекови, а понекогаш и кај дијабетес”, заклучува д-р Вадиа.