Карфиолот и брокулата се вообичаени состојки кои се додаваат не само во салатите, туку и во смутињата. Но, сега зеленчукот ја напаѓа областа и на еден друг пијалак, а тоа е кафето. Кафето од брокула звучи примамливо, нели? Оваа неочекувана мешавина е дизајнирана во Австралија, додека научниците се воделе само од најдобрите намери.
Интересот за здрав начин на живот и правилна исхрана само се зголемува од година во година, но во исто време луѓето се уште често не можат да јадат препорачана количина зеленчук. Брокулата како пијалак помага да се пополни таа празнина.
Како да направите кафе од брокула
За овој пијалак не ви треба свежа брокула. Прво, зеленчукот треба да се исуши, а потоа треба да се сомели во ситен прав, кој се додава во кафето. Покрај тоа, само две лажици од овој зелен прав имаат хранливи вредности кои ќе ви помогнат да ги внесете сите потребни елементи во вашето тело.
Постои уште еден силен аргумент во прилог на новото „зелено“ кафе – ретко кој јаде редовно брокула. Овој зеленчук гостува на трпезата само од време на време, а кафето е многу попопуларно.
Алтернативни опции
Ако ви е тешко да замислите кафе од брокула, можете да започнете со други опции. Прашокот од брокула е дефинитивно здрав – и може да биде интересна состојка во утринското смути, како додаток на житариците или пире. Овој прав може да се чува многу подолго од обичниот свеж зеленчук, а полето за експериментирање со вкусови и јадења сега е многу поголемо.
Научниците советуваат дека ова зелено кафе содржи многу придобивки, но колку и да звучи нереално и не толку вкусно, сепак вреди да пробате. Секако, овој прав нема да го наруши вкусот на вашето обично кафе, напротив само ќе даде необичен и вкусен утрински пијалак кој ќе ве подигне од постела и ќе ви овозможи енергија преку целиот ден.
Како што е наведено погоре, доколку сте помалку скептични, во секој момент може да ја искористите алтернативната опција за додавање на прашокот од брокула во смути или свежи салати. Како бонус, овој прав има рок на траење со месеци наспроти свежата брокула, а ги содржи истите хранливи состојки.
Прочитајте ја и следната статија: 12 придобивки на брокулата и зошто често треба да се наоѓа на нашата трпеза
Брокулата е зелен зеленчук кој има облик што потсетува на мало дрвце. Припаѓа на истото семејство зеленчуци како и зелката, карфиолот, прокељот и слични растенија. Се наоѓа во повеќе видови и бои, а на нашиот пазар најзастапена е брокулата од видот Калабрезе.
Брокулата може да се каже дека припаѓа на групата „супер зеленчуци” бидејќи е навистина богата и со микро и со макронутриенти. Содржи повеќе витамини, минерали, антиоксиданти, како и растителни влакна.
Богат извор на витамини, минерали и биоактивни компоненти
Една од најголемите предности на брокулата, пред другите зеленчуци се состои во нејзиниот нутритивен состав. Таа е составена од широк спектар на витамини, минерали, растителни влакна и биоактивни компоненти. Па така, таа содржи јаглехидрати, протеини, масти, витамини како Ц, А, К, Б9, калиум, фосфор, селен.
Брокулата може да се консумира свежа или обработена. Двата начина на подготовка се здрави, но обезбедуваат различни хранливи придобивки. Различните начини да обработка на брокулата, како што се варење, пржење, варење на пареа, подготовка во микробранова печка, го менуваат составот на хранливите материи.
Ова особено ја намалува содржината на витаминот Ц, како и на протеините кои можат да се растворат во вода. Истото важи и за шеќерите. Но, во секој случај, свежата или приготвена брокула, претставува богат извор на витаминот Ц.
Брокулата содржи моќни антиоксиданти кои делуваат позитивно на здравјето
Антиоксидативниот состав на брокулата е еден од најголемите бенефити кои може да ги понуди. Брокулата е богата со глукорафанин, супстанција која во текот на дигестијата се конвертира во моќен антиоксидант, наречен сулфорафан. Оваа супстанција помага при намалување на нивото на шеќер и холестеролот во кр-вта, оксидативниот стрес и намалувањето на ризикот од развој на различни хронични заболувања.
Исто така, брокулата ги содржи и моќните антиоксиданти зеаксантин и лутеин, кои можат да превенираат оксидативен стрес и клеточно оштетување во структурата на очите.
Биоактивните компоненти кои се содржат во брокулата можат да придонесат за намалување на нивото на воспаление во организмот.
Брокулите можат да придонесат во заштитата од некои видови на рак
Повеќе студии укажуваат на тоа дека повеќето растенија од ова семејство, па и брокулата, можат да помогнат во превенцијата од некои видови на канцер.
Растителните влакна и антиоксидантите го намалуваат шеќерот во кр-вта
Иако точниот механизам преку кои брокулата го намалува нивото на глукоза во кр-вта не е познат, сепак досегашните истражувања укажуваат дека главната причина за ваквото дејство е нејзиниот антиоксидативен состав. Богатиот состав од антиоксиданти и растителни влакна кој го има брокулата ја поддржува здравата дигестија, како и цревната перилстатика.
Брокулите ја одржуваат правилната функција на мозокот
Некои од хранливите материи и биоактивните компоненти на брокулата можат да го одржат правилното функционирање на мозокот, како и на нервните клетки. Студија која била правена на 960 повозрасни испитаници, открила дека еден оброк во денот, кој содржи брокула, може, на долг рок, да помогне во намалувањето на ризикот од намалување на когнитивните способности при стареењето.
Го успорува процесот на стареење
Витаминот Ц кој се наоѓа во брокулата го зајакнува имуниот систем
Имуниот систем на човекот е комплексен систем кој има потреба од повеќе хранливи материи за да функционира соодветно. Витаминот Ц е еден од поважните микронутриентите за имунитетот. За наша среќа, брокулата го има во високи концентрации.
Брокулата може да помогне и во одржувањето на здравјето на забите и усната празнина
Брокулата содржи многу различни нутритивни компоненти, меѓу кои и компоненти кои можат да помогнат во одржувањето на хигиената во усната празнина. Покрај високото количество на витамин Ц, брокулата содржи и одредено количество на калциум. Овие два нутриенти се значајни за намалување на ризикот од парадентоза. Исто така, во процес на заштита од парадентоза можат да помогнат и флаваноидите.
Брокулата го штити здравјето на коските и зглобовите
Брокулата е добар извор на витаминот К и на калциумот. Ова се две компоненти кои имаат клучна улога во одржувањето на здравјето на коските. Брокулата содржи и фосфор, цинк и витамин А, кои се исто така многу важни за одржувањето цврстина на коските.
Нутритивниот состав на брокулата може да помогне во одржувањето на здравјето кај бремените жени
Телото на бремените жени има поспецифични барања. Има потреба од низа на витамини, минерали, протеини, сè со цел одржување на здравјето на мајката и на бебето. Фолната киселина или витаминот В9 е есенцијална хранлива материја за развојот на мозокот и ‘рбетот на фетусот.
Брокулата е особено богата со овој микронутриент. Редовното консумирање на храна богата со фолна киселина, како што е брокулата, може да го намали ризикот од некои потенцијални проблеми за време на бременоста.
Брокулата може да помогне во заштитата на кожата од сончевите зраци. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска