Нема поголема љубов од онаа на родителите кон своите деца. Да се биде родител е голем чекор и голема одговорност.

Децата сите навики ги стекнуваат од дома. Тие учат од своите родители и ги всмукуваат моделите на однесување, па затоа, еден добар татко би требало да биде вистинки пример за своите деца.

Добриот татко го красат следните особини:

-Правиот татко не е оној кој заработува многу пари за да им купи подароци на жената и децата или да ги однесе на одмор двапати годишно.

-Правиот татко не е оној кој заработува доволно пари за да им обезбеди на своите деца школување во приватно училиште и да ги покрие сите нивни трошоци.

-Правиот татко Е оној кој СЕКОГАШ Е ТУКА. Оној кој не го напушта своето семејство во најтешките моменти и кој никогаш не ги остава сами да се носат со проблемите.

-Правиот татко е подготвен да вложи и напор и време, па дури и кога е уморен, само за да им удоволи на своите деца.

-Правиот и верен на семејството – татко, е оној кој е подговен за своето семејство да направи компромис и во одредени моменти да ги жртвува сопствените потреби, желби, па дури и среќа.

-Добриот татко своите деца ги учи на прави вредности, љубов, љубезност, предаденост и верност.

-Вистински добриот татко е оној кој е пример за правилен однос кон жената. Оној кој кон неа се однесува со достоинство, со почит, љубезност и љубов.

-Вистинскиот татко никогаш не ги користи овие зборови во комуникацијата со своите деца: бескорисен, некомпетентен, слаб и глуп. Овие зборови не постојат во неговиот речник.

-Правиот татко е авторитет, но децата не се плашат од него, туку го почитуваат со љубов.

-За вистинскиот татко не постои ништо поважно од неговото семејство, а нивната среќа за него е приоритет.

-Добриот татко ги слуша своите деца и ги знае сите нивни планови, желби и стравови.

-Правиот татко е оној за кога децата велат: Тој ми е пример, мој најдобар другар, ментор и учител. Тој е мојот татко!