Џунџулето беше омиленото цвеќе на нашите баби кои редовно го засадуваа покрај бавчите и другите цвеќиња како заштита од болести. Ако ви се допаднаа рецептите со џунџулето, споделете ги со вашите пријатели на социјалните мрежи.

Во народната медицина, џунџулето се користи како диуретик, дијафоретик и антхелминтик. Чајот од џунџуле лекува дијареа и желудечни колики.

Овој чај ја зголемува отпорноста на организмот од настинки, грип, разни микроби, вирози, го зголемува имунитетот.

Меѓутоа, не треба да се претерува со овој чај, односно да не се преминува препорачаната количина, бидејќи цветовите, а особено листовите на џунџулето се богати со есенцијални масла и не се погодно за сите.

За почеток обидете се со следната инфузија: во една чаша ставете еден цвет џунџуле, па прелијте со врела вода. После 15 минути процедете и испијте го чајот. Веднаш ќе почувствувате дали овој третман ви одговара или не.

Кога пиете чаеви од џунџуле, бирајте ги црвени-кафеавите цветови кои се богати со каротен и пигменти.

Превенција и лекување на гинеколошки болести

За превенција потребно е да се користи еден цвет од џунџуле прелиено со чаша врела вода (како што е опишано погоре), да се пие распределено четирипати во денот (доволно е по 25 мл х 4 пати).

Лекување на гинеколошки проблеми: 3 цветови со стебленце се прелива со 400 мл врела вода, се вари пет минути, се остава да излади на собна температура и се процедува. Се пие трипати дневно пред оброк, распределено во еднакви количини.

Во зависност од степенот на болеста, се консумира според шема: 21 ден, 7 дена пауза, а целиот третман трае 2-3 месеци.

Инхалација при затнат нос и синуситис: наполнете едно тенџере со половина литар зовриена вода, па ставете 5 цветови џунџуле, ама издробени. Прекријате ја главата со пешкир и инхалирајте се додека има пареа. Во текот на пет минути вдишувајте ја пареата преку нос, па издишете преку нос. Потоа следните пет минути вдишувајте на нос, а издишувајте преку уста.

Третман за изгореници и рани: Се приготвува масло од џунџуле. За тоа ви се потребни цветови и масло во однос 1:1. Состојките ставете ги во стаклена тегла и добро затворете. Оставете преку ноќ да отстои а наутро ставете ја теглата во врела вода да отстои половина час, на температура од 60 до 70 степени.

Ова масло можете да го користите и кај воспаление на дишни патишта, особено бронхитис, бидејќи го олеснува движењето на слузта, ја неутрализира стагнацијата и помага при кашлици.

Бањите приготвени со цветови од џунџуле го смируваат нервниот систем, помагаат во стресни ситуации, ја ублажуваат анксиозноста, ја враќаат емоционалната рамнотежа. Се препорачува при неврози и анксиозност.

Спречување на панкреатични болки: Исечкајте еден цвет џунџуле, прелијте го со 200 мл врела вода, оставете малку да отстои а потоа процедете и пијте по четвртина шолја, 4 пати дневно. Овој чај се препорачува за лекување на панкреас и дијабетес.

Третман за дијабетес: 50 светови џунџуле потопете ги во половина литар ракија, оставете една седмица, а потоа процедете. Консумирајте по една лажица од оваа тинктура 3 пати дневно, пред јадење.

Убоди од пчели и оси: на болното место нанесете свеж сок од џунџуле. Помага и при разни иритации на кожата.

За подобрување на метаболизмот и чистење на црниот дроб: 5 цветови џунџуле се прелива со 1 литар зовриена вода, се вари 3 минути на тивок оган, а потоа се процедува. Се консумира околу 250 мл пред оброк, наутро и навечер. Овој лек се користи месец дена, по што се прави пауза од седум дена.

Лосион за подмладување на кожата: 2 лажици сечкан цвет од џунџуле се прелива со 1 шолја зовриена вода, се остава преку ноќ. Се процедува, па добиениот чај се меша со 1 лажица ракија и 1 лажица лимонов сок. Овој лосион се чува во фрижидер, а лицето се чисти со него 2-3 пати дневно, но никако пред да излезете на сонце (поради лимоновиот сок кој е фитотоксичен).