Ниедна жена не сака ова лето вака да изгледа на плажа: Нападнете го целулитот со овој ХИТ метод

Се чини дека целулитот е еден од оние проблеми кои денес го имаат голем број жени. Со оглед на тоа што постојано се говори и пишува во медиумите, претпоставуваме дека сè уште не е пронајдено некое конечно решение за овој проблем.

Повеќето извори се сложуваат дека проблемот со целулитот се јавува поради нерамнотежа во сврзното ткиво и мастите во телото на човекот. Врз овој дисбаланс влијаат хормоните, исхраната, начинот на живеење, физичката неактивност, но и генетиката.

Иако жените кои имаат прекумерна телесна тежина се повеќе изложени на овој проблем, сепак и оние слабичките исто така се соочуваат со појава на целулит.

Loading...

Во продолжение можете да прочитате неколку совети како најлесно да се ослободите од овој проблем. Ништо не е невозможно, потребна е само упорност.

СУВО ЧЕТКАЊЕ

Помага во стимулација на крвотокот и лимфотокот во телото. Сувото четкање ги отвора порите на кожата и особено ја стимулира микроциркулацијата. Оваа постапка треба да се повторува секојдневно, па дури и двапати дневно доколку имате време. Четката со која ќе се четкате е најдобро да биде изработена од природни влакна и да го запазите правилото за четкање во насока кон срцето.

Кожата треба да ви биде сува, па идеално би било кога оваа постапка би ја направиле непосредно пред туширањето. Четката не смее да биде влажна и одбегнувајте гружни движења.

КОНСУМИРАЈТЕ ЖЕЛАТИН

Желатинот го поттикнува растот на косата и ноктите, добар е за зглобовите и може да помогне за побрзо закрепнување на болните зглобови.

Исто така, помага во затегнување на опуштената кожа, а помага и за елиминирање на целулитот. Една теорија вели дека доколку недостига желатин во нашата исхрана, тогаш доаѓа до зголемување на целулитот.

МИОФАЦИЈАЛНА МАСАЖА

Една теорија вели дека целулитот се формира во површната фасција, слој на сврзното ткиво под кожата кое содржи масни клетки.

Некои терапевти се во можност да изведуваат тип на масажа наречена миофасцијална масажа или миофасциално ослободување, со што се олеснува овој слој на сврзното ткиво и може очигледно да помогне и кај некои видови проблеми во мускулите и зглобовите кои се поврзани со дисбалансите во фасцијата.

ПИЛИНГ СО КАФЕ

Пилингот со кафе сепак се покажал како еден од најкорисните домашни и евтини препарати во борбата против целулитот. Ова е рецепт за пилинг кој можете да си го приготвите дома:

Потребни состојки:

Талог од кафе
3 лажици обичен шеќер или интегрален шеќер
2-3 лажици кокосово масло

Постапка:

Кога ќе ги измешате состојките потребно е да добиете конзистенција во вид на паста. Смесата чувајте ја во стаклен сад.

Употреба: масирајте ја кожата неколку минути, а потоа исплакнете. Се користи 2-3 пати седмично. Обидете се да не бидете премногу агресивни за да не предизвикате модринки. Резултатите би требало да бидат видливи за неколку седмици.

БАЛАНСИРАЊЕ НА ХОРМОНИТЕ

Многу извори се сложуваат дека хормоните играат важна улога во формирањето на целулитот и дека балансирањето нивната работа значително може да помогне во намалување на целулитот. Посоветувајте се со вашиот лекар или нутриционист.

Одберете некој од природните методи и веднаш нападнете го целулитот. Веруваме дека не сакате да бидете незадоволни со своето тело ова лето.

Loading...