Грчка сладолед торта со желатин. Предлог рецептот со видеото е на нашата драга членка Станислава Маниќ од групата НМД рецепти.

Потребни состојки: 20 г желатин, 20 мл вода, 500 мл млеко, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 шлаг пени, 200 мл минерална вода, 100 г мелени бисквити, 100 г мелени лешници, 100 г чоколадо + 2 лажици вода. За декорација: мелени лешници+цели лешници+чоколадни трошки

Постапка: Желатинот во прав полијте го со 20 мл вода, промешајте го и оставете го да набубри. Во подлабок сад ставете половина литар млеко со 150 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер.

Откако ќе зоврие млекото тргнете го на страна и додека е врело во него додадете го набубрениот желатин и промешајте додека тој да се растопи. Оставете го млекото на страна да излади и да згусне, а потоа промешајте го уште еднаш.

Прашокот од две шлаг пени ставете го еден подлабок сад за матење, па додадете 200 мл минерална вода и изматете со миксер додека да добиете цврст шлаг. Шлагот постепено додавајте го во згуснатото млеко и матете со миксер. Добиената смеса поделете ја на три еднакви делови.

Во првиот дел додадете 100 г мелени бисквити, во вториот дел додадете 100 г мелени лешници, а за третиот дел растопете 100 г чоколадо со две лажици вода. Трите смеси убаво промешајте ги со сотојките додека да изедначат.

Во долгнавест правоаголен калап обложен со проѕирна фолија прво нанесете го филот со лешници. Распоредете и израмнете. Потоа нанесете го чоколадниот слој, а најдозгора распоредете го филот со мелени бисквити. Одозгора наросете мелени лешници.

Тортата ставете ја 3 часа во замрзнувач да се стегне. Калапот поклопете го со чинија за послужување, па превртете ја тортата и отстранете ја фолијата. По желба украсете со чоколадни трошки и цели лешници.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: